Институт за педагогија


Институтот за педагогија е еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет во Скопје и својата дејност ја насочува кон наставната и научноистражувачка работа од областа на педагошките науки. Вреди да се напомене дека уште од самиот почеток на работењето на Филозофскиот факултет, во 1920 година, при уписот на студентите се наведуваат следните предмети: книжевност, лингвистика, историја, филозофија и педагогија. Овие дисциплини, впрочем ја отсликуваат и структурата на самиот факултет, и од нив подоцна ќе произлезат трите најстари катедри на Филозофскиот факултет: филозофија, историја и педагогија.

Во почетната фаза во изградбата на Македонија најмногу ѝ беа потребни просветни работници, а со овој факт се поврзува и отварањето на студиската група по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1946 година и во првите три години егзистира заедно со студиската група за Филозофија, а од учебната 1949/50 година, студиите по педагогија се издвојуваат како посебна Катедра за педагогија, која до денес егзистира како посебна единица на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1978/79 година Катедрата за педагогија прераснува во Наставно – научна студиска група по педагогија, а десет години подоцна како Инстиут за педагогија.

Првиот наставен план, со кој ce поставуваат темелите на студиите по педагогија содржел научни дисциплини од четири воспитно-образовни области: педагошката, психолошката, филозофската и од општообразовната област. Содржел вкупно 16 предмети од кои само 6 педагошки. Овој наставен план бил во функција на подготвување стручен профил професор по педагошките предмети во учителските и средите училишта, како и за стручно-педагошка работа во институциите од областа на воспитанието и образованието.

 Институтот за педагогија активно се вклучи во процесите на имплементација на принципите на Болоњската декларација. Од академската 2004/2005 година студиската и предметните програми се ревидирани, осовременети и засновани на Европскиот кредит трансфер систем. Како резултат на ова, Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет е опремен со голем број на технички средства, кои му овозможуваат организирање и реализирање на современа настава. Во таа смисла беа превземени мерки и активности за изготвување нов наставен план и програми кој што се темелат врз одредбите од Болоњскиот процес и ќе овозможат ефективна и ефикасна имплементација на Европскиот кредит трансфер систем. Оваа концепција на студентите им обезбедува поактивен и подинамичен начин на студирање, перманентно следење и евалуирање на нивните активности и можност за избор на насоки и наставни предмети.

Покрај додипломското ниво, Институтот за педагогија организира постдипломски  и докторски студии по истиот принцип.

Како резултат на постојани анализи и отворен пристап кон промените, се почесто се ревидираат структурата и организацијата на педагошките студии. Тоа генерално е насочено кон усовршување и модифицирање на првичниот наставен план и кон прифаќање на потребите на општествениот развој и на резултатите од развојот на педагошките и сродните науки.

Покрај иницијалното образование на педагозите, воспитувачите и одделенските наставници, на Институтот за педагогија се изведува педагошка и методска доквалификација на наставници за средните стручни училишта кои дипломирале на ненаставнички факултети од сите области. Со ваков сертификат се здобија голем број кадри кои денес се успешни наставници во основното и средното образование на Република Македонија.

Значајна активност и ангажирање, наставниците од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, пројавуваат и во општествениот и јавниот живот. Проф. д-р Благородна Лакинска била директор на Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука, проф. д-р Зоран Велковски бил директор на Бирото за развој на образованието на Р. Македонија, а проф. д-р Јасмина Делчева- Диздаревиќ била генерален директор на Агенцијата за вработување на Р. Македонија. Исто така, наставниците и соработниците од Институтот за педагогија имаат дадено свој придонес во работата на културно-просветните институции, стручните и научни друштва и во повеќе редакциски совети и одбори. Институтот за педагогија дал два министри за образование на Република Македонија: проф. Анатоли Дамјановски и проф. Љупчо Копровски. Проф. Анатоли Дамјановски и проф. д-р Зоран Велковски биле и проректори на Универзитетот „Св Кирил и Методиј”. Од редовите на Институтот за педагогија декани на Филозофскиот факултет биле: проф. д-р Ристо Кантарџиев, проф. д-р Бранко Петровски и проф. Љупчо Копровски, а продекани проф. д-р Ристо Кантарџиев, проф. Анатоли Дамјановски, д-р Киро Камберски, проф. д-р Снежана Адамческа, проф.  д-р Благородна Лакинска, проф. д-р Наташа Ангелоска –Галевска, проф. д-р Лена Дамовска и проф. д-р Анета Баракоска претседател на Сенатот на УКИМ.

Благодарение на високиот квалитет кој го дава Институтот за педагогија, професорите партиципираат во креирањето на националните образовни политики преку креирање на значајни стратешки документи во областа на воспитанието и образованието. На планот на проектните активности се остварија многу интензивни контакти и соработка со голем број на донатори и институции во земјата и во странство. Се очекува оваа соработка во наредниот период уште повеќе да се засили. Своите активности Институтот за педагогија перманентно ги насочува кон современите педагошки проблеми, кои претставуваат основа и гаранција за нови истражувачки потфати и прилог кон современата педагошка теорија и практика.

Институтот за педагогија е носител на студиските програми по Педагогија и Андрагогија.

К О Н К У Р С за запишување на кандидати на Педагошко-психолошка и методска подготовка наФилозофскиот факултет – Институт за педагогија приУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Филозофски факултет

Промоција на Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција „75 години Институт за педагогија

75th Anniversary of the Institute of Pedagogy – Educational Challenges and Future Prospects/ Меѓународна научна конференција 75 години Институт за педагогија – Воспитно-образвони предизвици и преспективи

Проект: Tуторството со студентите од ранливите категории во високото образование

Професори


Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор