Истражувачки е-ресурси


Научната инфраструктура при Филозофскиот факултет ја сочинуваат и електронски бази на академски ресурси, кои за потребите на учење од далечина претставуваат неодмeнлива поддршка. Електронската база за академски трудови JSTOR,  вклучува пристап до сите збирки на JSTOR списанија (околу 3000 научни списанија), како и пристап до е-книги (околу 35.000 книги). Дополнително, обезбеден е пристап и до базата ARTSTOR, која нуди 3 милиони слики од водечките музеи, архиви на фотографии, вклучувајќи ретки и важни колекции кои не се достапни на друго место и кои опфаќаат широк спектар на дисциплини, претставени заедно со збир на специјализирани алатки за предавање и учење. Филозофскиот факултет континуирано работи на подобрување на научно-истражувачката инфраструкура и зголемување на пристапот до што поголем број на е-бази на академски ресурси.

Пристап до е-ресурси:


Квалтрикс е моќна алатка за онлајн истражување што ќе им овозможи на студентите, истражувачите и другиот персонал на Филозофскиот факултет да создадат комплексни истражувања, кои исполнуваат различни потреби. Можете да ја користите оваа алатка за поставување анкети, собирање податоци, како и дистрибуција и анализа на одговори. Квалтрикс е прилагоден на институционалните карактеристики на Филозофскиот факултет, па така анкетираните можат да видат преку веб врската која води до прашалникот, логото на Филозофскиот факултет и адресата на испраќачот на е-поштата дека истражувањето е од познат извор, односно од Филозофскиот факултет.

Пристапот до Квалтрикс е обезбеден за сите студенти и вработени на Филозофскиот факултет од 15.12.2020 до 14.12.2021 година.


Издавачката куќа на Универзитетот Кембриџ објавува голем број реномирани научнисписанија од областа на хуманистичките и општествените науки достапни електронскипреку Cambridge Core.

Cambridge Core (на кампус)

Cambridge Core (надвор од кампус)



АРТСТОР (на кампус)

АРТСТОР (надвор од кампус)

АРСТОР (надвор од кампус за студенти: за пристап надвор од кампусот, студентите треба да испратат емаил адреса на artstor@fzf.ukim.edu.mk во чиј наслов ќе стои бројот на индекс)


Елгар онлајн (на кампус)

Елгар онлајн (надвор од кампус – испратете e-mail за детали)


ЕБСКО (на кампус)

ЕБСКО (надвор од кампус- испратете e-mail за детали)


ERIC (Информативен центар за образовни ресурси) е  најшироко користен индекс во светот за литература поврзана со образованието.

Пристап преку кампус (преку ЕБСКОхост)

Пристап надвор од кампус (испратете e-mail за детали)


Academic Search Complete е највредната и најсеопфатна научна, мултидисциплинарна база на податоци со целосен текст, со повеќе од 8.500 периодични списанија со целосен текст, вклучително и повеќе од 7.300 рецензирани списанија. Покрај целосниот текст, оваа база на податоци нуди индексирање и апстракти за повеќе од 12.500 списанија и вкупно повеќе од 13.200 публикации, вклучително и монографии, извештаи, конференции, итн. Базата на податоци содржи PDF содржина од далечната 1887 година, со мнозинство на наслови со целосен текст во PDF формат (што може да се бара).

Пристап преку кампус (преку ЕБСКОхост)

Пристап надвор од кампус (испратете e-mail за детали)


Psychology and Behavioral Sciences Collection опфаќа теми како што се емоционални карактеристики и однесување, психијатрија и психологија, ментални процеси, антропологија, набљудувачки и експериментални методи. Оваа база на податоци обезбедува 575 публикации со целосен текст, вклучително и 550 наслови рецензирани од рецензии. Се ажурира секој ден преку EBSCOhost.

Пристап преку кампус (преку ЕБСКОхост)

Пристап надвор од кампус (испратете e-mail за детали)