%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82

Меѓународна мобилност


Мобилноста на наставниците и студентите при Филозофскиот факултет се одвива со поддршка на меѓународни програми за мобилност (ЕРАЗМУС+, ЦЕЕПУС), преку билатерални универзитетски договори, како и преку финансиска поддршка од Филозофскиот факултет. Мобилноста вклучува студиски престој на странски универзитет, учество во меѓународни научни настани (конференции, летни школи, конгреси и сл.), како и престои поврзани со научно-истражувачка работа. Придобивките од меѓународната мобилност се повеќекратни, како за факултетот во целина преку внесување нови трендови и пристапи во наставата и студиските програми, така и на индивидуално ниво за членовите на академската заедница (студенти и професори), преку проширување на мрежата на професионални контакти и соработници.

ЕРАЗМУС+

Мобилноста на наставниците и студентите преку програмата Ерзмус+ е од исклучително значење за интернационализација на наставата и научните дејности на факултетот. Заклучно со крајот на учебната 2019/20, Филозофскиот факултет има вкупно 101 активен Еразмус договор со универзитети од Европа. Појдовните и дојдовните мобилности на наставниците и студентите преку програмата Еразмус+ се зголемуваат секоја година. За одбележување е видливиот пораст на Еразмус+ дојдовни мобилности на Филозофскиот факултет, како од страна на професори од странство, така и од студенти кои студираат во странство, а кои се одлучуваат еден семестар од своето студирање да го поминат на Филозофскиот факултет.

Еразмус договори на Филозофскиот факултет

Конкурс Еразмус + за мобилност на студенти и професори

ЦЕЕПУС

Мобилноста и соработката на наставниците и студентите на сите три циклуси на студирање е овозможена и преку учеството во мултилатерaлната програма за универзитетска размена во Централна Европа – ЦЕЕПУС (CEEPUS – Central European Exchange Program for University Studies). Во рамки на ЦЕЕПУС програмата, Филозофскиот факултет е координатор на една и партнер во шест ЦЕЕПУС мрежи, и тоа:

  • Археопед (CIII-SI-0113-13-1920 ARHEOPED) при Институтот за историја на уметност и археологија
  • Заедничка историја на Централна Европа (CIII-SK-1315-03-2021 Shared History of Central Europe) при Институтот за историја
  • Педагогија и андрагогија во Централна Европа (CIII-SI-0906-05-1920 Pedagogy and Andragogy in Central Europe – PACE) при Институтот за педагогија
  • Филозофија и интердисциплинарност (CIII-HR-1107-04-1920 Philosophy and Interdisciplinarity) при Институтот за филозофија
  • Биоетика (CIII-AT-0502-11-2021 Bioethics) при Институтот за филозофија
  • Медиумска етика (CZ-1601-02-2223) при Институтот за филозофија и
  • Централно европска мрежа за социјална работа и социјална политика (CIII-MK-1409-01-1920 Central European Social Policy and Social Work Network – CESPASWON) при Институтот за социјална работа и социјална политика. За одбележување е дека Филозофскиот факултет е координатор на ЦЕСПАСВОН мрежата, односно единствена високо образовна институција од државата која има улога на координатор во рамки на ЦЕЕПУС академската програма.

Конкурс ЦЕЕПУС за мрежна мобилност

Конкурс ЦЕЕПУС за слободна мобилност

Придобивките од меѓународната мобилност на Филозофскиот факултет