Меѓународна недела на Филозофскиот факултет
Почнувајќи од учебната 2018/19 година, Филозофскиот факултетот започна со организирање на меѓународна недела, која претставува петдневен меѓународен интердисициплинарен форум, на кој преку предавања, промоции и дискусии се одбележуваат активностите и соработките кои Филозофскиот факултет ги остварува на меѓународен план. Идејата за меѓународната недела потекнува од потребата да им се овозможи на студентите поширока платформа за стекнување знаења и размена на мислења со професори и колеги од партнерски универзитети од Европа и светот. Предавањата, промоциите и дискусиите со еминентни професори и предавачи, кои се на англиски јазик, имаат за цел да ги мотивираат студентите за пресретнување на големите општествени прашања преку соработка низ различни научни дисциплини, јазици и граници. Предавањата и дискусиите се наменети за студентите од сите три циклуси на студии, а предавачите говорат на теми од научните дисциплини кои се изучуваат на Филозофскиот факултет. Посебен фокус во рамки на овој настан е промоцијата на меѓународните проекти кои Филозофскиот факултет ги спроведува, а во чија промоција учествуваат и партнерските универзитети од Европа. Втората меѓународна недела резултираше и со објавување книга на апстракти, со што се остави и потраен белег од клучните аспекти на излагањата на сите предавачи на настанот.
Агенда Петта Меѓународна недела
Агенда на Четврта Меѓународна недела
Агенда на Третата Меѓународна недела
Агенда на Втората Меѓународна недела