Образец за доставување барање за пријавување меѓународен проект преку Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (во фаза пред поднесување/аплицирање, се доставува како барање до ННС)
Обрасци за доставување барања по основ на одобрени/ добиени меѓународни проекти
Меѓународни проекти
Научно-истражувачките проекти се клучен дел од активностите на Филозофскиот факултет, кои во голема мера имаат меѓународен карактер. Факултетот е вклучен како реализатор на проекти во рамки на програмите Хоризонти, Еразмус плус, како и голем број на проекти од билатерален карактер, во партнерство со меѓународните организации, како: Обединетите Нации, Програмата за развој на Обединтетите Нации (УНДП), УНИЦЕФ, и сл.
ТЕКОВНИ МЕЃУНАРОДНИ ПРОЕКТИ (2020/21):
“Развој на нов софтвер за психомоторна ре-едеукација на деца со аутизам” (2020-1-TR01-KA205-081611)
Финансиер: Европска Комисија
Координатор: Чанаккале Универзитет, Турција
Партнер: Филозофски факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје
Главен истражувач од Филозофскиот факултет: проф. д-р Оливера Рашиќ Цаневска
Период на реализација: 2020-2022
„Пристапно и дигитализирано културно наследство“ (2019-1-MK01-KA203-060269)
Финансиер: Европска Комисија, Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност
Координатор: Филозофски факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс
Период на реализација: 01.11.2019-31.08.2022
Финансиер: Европска Комисија, Национална Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност
Координатор: Филозофски факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Александра Каровска Ристовска
Период на реализација: 01.12.2018 –28.12.2021
„Религиска толеранција и мир“, H2020-EU.3.6.3.2. Grant agreement ID: 770309
Финансиер: Европска Комисија, Програма Хоризонт
Координатор: Универзитет од Лувен, Белгија
Партнер: Филозофски факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Лидија Георгиева
Период на реализација: 01.05.2018 –01.05.2022
„Од попреченост до производство на храна”
Финансиер: We Effect, Шведска
Координатор: Национална федерација на фармери
Партнер: Филозофски факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска
Период на реализација: 09.2019-06.2021
„Студија за поддршка на планирањето на комуникациите и вклученоста на заедниците поврзани со Агендата за одржлив развој во Република Македонија”
Носител: Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП)
Партнер: Филозофски факултет, Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Светлана Трбојевиќ
Период на реализација: 06.2020-10.2020
Вишеrрадски универзитетски студентски грант бр. 61300005. Теорија на меѓународни односи и разрешување на конфликти
Финансиер: Вишеградски фонд
Носител: Филозофски факултет, Скопје
Главен истражувач: проф. д-р Лидија Георгиева
Период на реализација: 2014-2020