Дипломирани студенти (алумни)


Почитувани дипломирани студенти, магистрирани и докторирани студенти,

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е горд на своите студенти и алумни и затоа со нетрпение очекуваме да слушнеме од вас каде го остварувате вашиот професионален развој  во наредните години. Само затоа што вашите студии завршија, не значи дека и вашата врска со Факултетот треба да прекине.  Градењето на  цврста, оддржлива и меѓународна мрежа на студенти и алумни е наша цел која може да има повеќестрана корист за сите вклучени, како заради одржување и зголемување на професионалните контакти, така и заради  промовирање на факултетските  студиски програми, факултетските истражувања и иницијативи. Создавањето на мрежата на алумни на Филозофскиот факултет во Скопје е во својот зародиш, што ви дава можност активно да го обликувате и да бидете дел од процесот. Ве покануваме да го пополните прашалникот и да дадете свои предлози за развој на алумни мрежата на Филозофскиот факултет на следниот линк: 

https://fzfukim.qualtrics.com/jfe/form/SV_6WNe6ZzNf6kQIFT

Филозофскиот факултет ќе се гордее со вашите лични и професионални достигнувања.

Ви посакуваме успешен пат напред каде и да ве води.