Истражувања и истражувачки центри


Филозофскиот факултет има континуирана научно-истражувачка активност, како од национален, така и од меѓународен карактер. Истражувањата кои се спроведуваат од страна на кадарот на Филозофскиот факултет се во домен на хуманистичките и општествените науки, со посебен фокус на специфичните дисциплини кои се изучуваат при институтите на Филозофскиот факултет. Во рамки на Филозофскиот факултет, активни се повеќе центри, во чии рамки се спроведуваат научни истражувања, како и апликативни проекти.

Тековни истражувања (2020/21)

„Археолошки истражувања на локалитетот Старо Бонче – Прилеп 2020“

Носител: Филозофски факултет – Скопје

Главен истражувач: проф. д-р Антонио Јакимовски

Финансиер: Министерство за култура, Р. Северна Македонија Период на реализација: 22.05.2020-20.11.2020

„Доближување на културното наследство на учениците со посебни потреби“

Носител: Филозофски факултет – Скопје

Главен истражувач: проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска

Финансиер: Министерство за култура, Р. Северна Македонија

Период на реализација: 22.05.2020-20.11.2020

„Иновациите во хуманистичките и општествените науки“

Носител: Филозофски факултет – Скопје

Главен истражувач: проф. д-р Антоанела Петковска

Финансиер: Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје

Период на реализација: 05.2020 – 01.2021

„Археолошки ископувања на археолошки локалитет „Косовец“, село Дреново 2020“

Носител: Филозофски факултет – Скопје

Главен истражувач: проф. д-р Виктор Лилчиќ

Финансиер: Локален музеј – Галерија Кавадарци

Период на реализација: 2020 година

„Културолошко прилагодување на тест за ризично однесување кај адолесценти за примена во Република Македонија“

Носител: Филозофски факултет (Институт за психологија)

Главен истражувач: проф. д-р Билјана Блажевска-Стоилковска

Финансиер: Филозофски факултет

Период на реализација: 01.02.2019-01.02.2021

Тековни истражувања од меѓународен карактер

Истражувачки центри при филозофскиот факултет

– Балкански центар за проучување на мирот

– Центар за образование и истражување

– Анкетен истражувачки центар

– Национален центар за континуирано образование за социјален развојЦентар за изработка и примена на тестови – Психометрика

– Национален информатички центар за дефектолошки истражувања

– Центар за едукациска поддршка на Ромите (ЦЕПОР)

– Центар за учебници по историја (ЦУИ)Центар за менаџмент на човекови ресурсиЦентар за интеркултурни студии и истражувањаЦентар за интегративна биоетика

– Центар за доживотно учење