Институт за психологија

д-р Билјана Блажевска-Стоилковска

Вонреден професор

Проф. д–р Билјана Блажевска Стоилковска е родена 1978 година во Скопје. Дипломирала (2002) и магистрирала (2008) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во ноември 2003 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за психологија. Докторската дисертација на тема Донесување одлука за избор на занимањето при премин од средно кон високо образование: неодлучност при изборот и фази во одлучувањето ја одбранила во мај 2012 година на Филозофскиот факултет во Скопје, со што се стекнала со звањето доктор на науки по психологија. Во звање доцент е избрана во октомври 2012 година, а во звање вонреден професор избрана е во јануари 2018 година.

Била вклучена во меѓународен проект финансиран од прогарама Erasmus+ за креирање програми за развој на вештини за вработување, равој на кариерата, работна етика и органзиациски развој (2017), како и во проект на УСАИД и МОН за изработка на батерија тестови за професионална ориентација (2016). Учествувала како истражувач во проект на Филозофскиот факултет за стандардизација на психолошки тестови наменети за професионална селекција (2015), а раководела и со научно-истражувачки проект за усогласеноста помеѓу работата, семејниот и личниот живот и добросостојабта на вработените во РМ (2018). Во моментот раководи со проект за стандардизација на тестови за неприлагодено однесување на адолесцентите (2020-21), а учествува и како сениор истражувач во меѓународен проект финансиран од програмата Horizon 2020 на Европската Унија.

Повеќекратно била вклучена во психолошко тестирање во рамки на селекција на кадри.

Посетувала работилници и семинари и остварила студиски престој на универзитет во Италија.

Била раководител на докторските студии по психологија во периодот февруари 2019-февруари 2020 година. Била ментор на магистерски трудови и дипломски работи. Учестувала во повеќе факултетски комисии. Член е на редакцискиот одбор на списанието Психологија: наука и практика и на Годишен збор на Филозофскиот факултет. Рецензирала трудови во научни списанија индексирани во базите Web of Science, Scopus и EBSCO.

Го зборува англискиот јазик, има одлично познавање на статистичката програма за анализа на податоци SPSS, има познавање и од програмите Amos и R наменети за структурно моделирање и конфирматорни анализи.

Истражувачки интереси: Избор и развој на кариерата (професионална ориентација, рамнотежа помеѓу работните и семејните улоги, Психологија на здравјето, посебно на работното место (управување со стрес, психичко здравје, добросостојба, безбедност при работа), Просоцијално однесување на работа, примена на методите од областа на мултиваријатна статистика во истражување на овие области.

Проф. д–р Билјана Блажевска Стоилковска изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ПС171З/19] Психологија на трудот и организацијата

  • 2

    [ПС142И] Вокациска психологија

  • 3

    [ПС2018И/19] Психологија на здравје на работното место

  • 4

    [ПС2017И/19] Психологија на меѓучовечки односи

  • 5

    [МЧР1713/19]Социолошки и психолошки аспекти на органзаициите

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ФЗФ16] Квалитативни и квантитативни методи на истражување

  • 2

    [ПС108И] Психологија на трудот и организацијата



Библиографија

(2018). Life role salience and subjective well-being among Macedonian employees: Does family-supportive organization perception moderate this relationship. International Journal of Occupational Medicine and Environmental Health, 31(3), 281-291. https://doi.org/10.13075/ijomeh.1896.01204 (прв автор)

(2018). Испитување на работната ангажираност кај вработени во секторот за информатички и комуникациски технологии преку моделот на работни барања-ресурси. Психологија: наука и практика, 2(4), 29-50. (коавтор)

(2018). Професионална селекција со психолошки тестови во Република Македонија. Психологија: наука и практика, 2(3), 105-125. (коавтор)

(2017). Работни вредности и антиципираниот психолошки договор кај студенти во завршна година на студии. Годишен зборник, 70,205-217. (автор)

(2017). Facility documenattion assessment by construction site managers.  Во Grum, B. (ed) Interdisciplinary Research on Real  Estate: selected scientific discussions (pp. 37-45). Ljubljana: Institute of Real Estate Studies. (монографија, коавтор)                                                                                          

(2017). Collectivism and right-wing authoritarianism as predictors of ethnocentric attitudes: The moderating roe of majority/minority status. Security dialogues, 8 (1-2), 519-532.  (коавтор)                                                                                        

(2016). Difficulties and progress in career decision making process at different levels of career certainty. Во Proceedings, International Conference  Individual and the Environment – 10th Days of Applied Psychology, University of Niš, Department of Psychology,  Niš, Serbia 26-27.09.2014. (прв автор)

(2016). Social Dominance Orientations and Trust in Institutions among Macedonian and Albanian Young Adults. Security Dialogues, 7 (1), 7-23. (коавтор)

(2016). Management of Human Resources  and Quality in Materials Supply Process in Construction Projects.  Technology, Education and Management Journal,  5 (3), 324-331. (коавтор)

(2016). Boundary flexibility and transitions over the work and family domains: gender and cross-cultural differences. Во Proceedings, International conference on theory and practice in psychology, Institute of Psychology, Faculty of Philosophy, Skopje, Macedonia, 30.10-01.11.2014. (прв автор)

(2015). Испитување на психометриските карактеристики на Прашалникот за мерење на неодлучноста при изборот на кариера. Психологија: наука и практика, 1 (2), 27-41.  (прв автор)

(2015). Прирачник Батерија инструменти за професионална ориентација (БИПО). Скопје: Центар за развој на образованието-ЕДЦ. (монографија, коавтор)

(2015). It is in her hands to prevent the rage: predictors of domestic violence myths acceptance among men. Security Dialogues, 6 (1), 11-30. (коавтор)

(2015). Age as a moderator of the relationship between safety climate perceptions and job satisfaction in construction industry. International Journal of Occupational Safety and Ergonomics (JOSE), 21 (4), 440-447. (прв автор)

(2015). Materials supply management in construction projects and satisfaction with the quality of structures. Tehnički vjesnik/Technical Gazette, 22 (3), 721-727. (прв автор)

(2015). Construction Managers’ Perception of Sustainability Implementation in Building Processes. Во Proceedings, 426-434, 12th International conference Organization, technology and management in construction 2015, Croatian association for construction management and University of Zagreb, Primošten, Croatia, 02-05.09.2015. (коавтор)

(2015). Изработка на прашалник за професионални интересирања (ППИ). Психологија: наука и практика, 1 (1), 67-85. (коавтор)

(2015). Тhe role of optimism-pessimism in anticipatory psychological contract formation. Во Procedia – Social and Behavioral Sciences,  171, 145-152, The International Conference on Education & Educational Psychology (ICEEPSY) 2014, Kyreniа, Cyprus, 22-25 October. (прв автор)

(2015). Final year university students’ beliefs about future employment relationships. Во Procedia – Social and Behavioral Sciences , 171,  76-82, The International Conference on Education & Educational Psychology (ICEEPSY) 2014, Kyreniа, Cyprus, 22-25 October. (коавтор)

(2014). Работни вредности – фактори на изборот на занимање и однесувањето на работа. Годишен зборник, 67, 83-96. (автор)

(2014). Проверка на моделот на професионални интересирања на Холанд со примена на постапката на мултудимензионално скалирање. Годишен зборник, 67, 197-112. (прв автор)