Научни списанија


Научните списанија во издание на Филозофскиот факултет во Скопје имаат долга традиција. Почнувајќи од „Гласник Скопског научног друштва“, првпат издадено во 1926 година, факултетот бележи богата научно-издавачка дејност, како на списанија со национален карактер, така и на меѓународни научни списанија. Сите списанија во издание на Филозофскиот факултет се јавно достапни на порталот за научни и академски списанија – ПЕРИОДИКА. Во 2020 година, Факултетот објавува 12  научни списанија, кои претставуваат релевантен извор на нови научни сознанија од хуманистичките и општествените науки.

– Годишен зборник

– Жива Антика

– Социолошка Ревија

– Дефектолошка теорија и практика

– Folia Archeologica Balkanica

– Ревија за социјална политика

– Безбедносни дијалози

– Македонска историска ревија

– Филозофија

– Психологија: наука и практика

– Меѓународно списание за образование, истражување и обука

– Историја