
- trajan@fzf.ukim.edu.mk
Институт за педагогија
д-р Трајан Гоцевски
Проф. д-р Трајан Гоцевски е роден на 20 Јануари 1950 година во село Селник, Делчево. Во 1973 година дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што ги завршил и постдипломските студии (1982) од областа на Стопанскиот развој и методите на економските анализи. Во 1987 година докторирал на тема „Меѓузависноста и влијанието на подготовките за одбрана и стопанскиот развој”. Во академската 1987/88 година е избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје по предметите: Политичкиот и економскиот систем и одбраната на Македонија и Економика на одбраната. Во периодот од 1991 до 2009 година ја врши функцијата на декан на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1995 година е избран во звање редовен професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 10.12.2009 година се стекнал со академската титула почесен доктор на науки на Софискиот Универзитет ,,Св.Климент Охридски”.
Проф. Гоцевски е личност со забележителен општествен и стручен ангажман. Член на првата Влада на независна Македонија и прв цивилен министер за одбрана. Во период од 1998 до 2004 година бил член на Советот за национална безбедност на Република Македонија и претседател на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“. Претседател на Меѓународната научно-културна манифестација „Гоцеви денови“, бил избран за заменик-директор на бордот на МБИ на Универзитетот во Кембриџ, член на Советот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, на советот на Лондонската дипломска академија. Под негово раководство е формирана Армијата на Р.Македонија (1992), како и првиот оддел за обука и образование во АРМ. Учествува во креирањето на моделот на военото образование и изработката на Законот за формирање на воената академија. Како член а потоа и Претседател на Матичната Комисија за формирање на Воената академија, придонел за креирањето и усвојувањето на Првата наставна програма на Воената академија. Учевствувал во редакцискиот одбор на меѓународното списание Меѓународна политика што го издава Универзитетот во Загреб. Главен и одговорен уредник е на теоретското списание Современа македонска одбрана.
Раководел со постдипломските студии на Институтот за одбранбени и мировни студии. Бил професор по предметите: Системот на одбраната на РМ со теорија на заштитата, Економика на образавонието, Менаџмент во образование, Разрешување и трансформација на конфликтите на Студиите по мир и развој, професор по предметот Европската безбедност на Европските студии за интеграции и комуникации, итн.
Својата научно-истражувачка работа ја развива преку учество на бројни национални и меѓународни проектни активности, како што се:
Се залагал за развојот на образованието, науката и културата на Р.Македонија. Дал значаен придонес во профилирањето и создавањето на научни и други кадри на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил раководител и учесник во истражувачки тимови во повеќе домашни и странски научноистражувачки проекти.
Во рамките на соработката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филозофскиот факултет, професорот Гоцевски повеќе децении развивал соработка со универзитетите во регионот Полска, Шведска, Холандија, Германија, Италија, Грција и др. Има остварено студиски престој на повеќе универзитети во Европа, меѓу кoи и на универзитетите во : Париз, Виена, Клагенфурт, Софија, Истанбул, Загреб, Белград, Ниш, Рим, Амстердам, Солун, Благоевград.
Автор е на повеќе од 80 книги, и над 280 стручни и научни труда, монографии и статии објавени во македонски и многубројни странски списанија, на македонски, англиски, бугарски и француски јазик. Од 2019 година повторно е член на Советот за безбедност на Р.С. Македонија и член на Советот за стратегиски истражувања при МАНУ.
Истражувачки интереси: Геополитика, економија, менаџмент и едукација
Проф. Гоцевски е добитник на поголем број домашни и меѓународни награди и признанија.
– Во 2004 година, проф. Гоцевски е добитник на највисоката државна награда „Гоце Делчев“ за посебни достигнувања во науката на Република Македонија;
– Добитник е на Големиот знак со сина лента на Софискиот универзитет;
– За особен придонес за развојот на Филозофскиот факултет и за афирмацијата на УКИМ добитник е на Плакета на УКИМ;
– Плакета за 90 години работа и развој на Филозофскиот факултет;
– Плакета за посебен придонес за мирната разврска на Југословенската криза и создавањето на АРМ по повод 20 годичницата од формирањето на АРМ ;
– Голема плакета на АРМ по повод 25 годишнината од формирањето на АРМ;
– Благодарница за особен придонес за формирањето и развојот на Институтот за Дефектологија ;
– Благодарница за придонес за развојот и достоинството на МПЦ.
Библиографија
Мојот влог за Македонија, Скопје: Култура, 2016
Интересите на Република Македонија во градењето на европската безбедност, Скопје, 2008 (со коавтори)
2000 години христијанство – 2000 години учење за мир, Куманово, 2002 (со коавтор). С. Мл.
Кризен менаџмент, Куманово, 2001 (со коавтор, второ издание 2002);
Одбранбено осамостојување на Македонија – чекор кон суверена држава, Куманово, 2000;
Разрешување и трансформација на конфликти, Куманово, 1999 (коавтор);
Образовен менаџмент, Куманово, 1997;
Современи тенденции на одбраната, Куманово, 1997;
Основи на одбранбено-заштитниот систем на Република Македонија, Кочани, 1995;
Неутрална Македонија, Куманово, 1995 (второ издание Скопје, 1995);
Политичкиот и економскиот систем и одбраната на Република Македонија, Скопје, 1994 (преработено издание 1995 и 2001);
Колективната безбедност и одбраната на Македонија, Куманово, 1993 (второ изменето и дополнето издание 1994);
Економика на образованието, Битола, 1992 (второ изменето и дополнето издание Куманово, 1996);
Економика на одбраната, Скопје, 1992 (второ издание 1996);
Одбраната на Македонија, Скопје, 1991 (второ издание, 1992);
Политичкиот и економскиот систем на ПЗТ, Скопје, 1989;
Планирањето на семејството, Скопје, 1988 (коавтор);
Развојот на малото стопанство, Скопје, 1983;