
Проф.д-р Анатоли Дамјановски (1928-1996)
Проф. Антоли Дамјановски е роден на 10 април 1928 година во с. Лазарополе. Основно образование и нижа гимназија завршува во Скопје, а потоа, во 1947 година и Учителска школа. Истата година се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за филозофија и педагогија, истовремено работејќи една година и како воспитувач во машкиот дом "Кузман Јосифовски Питу" во Скопје. Педагошките студии ги завршува во 1951 година, а потоа две години работи како професор по педагошките предмети во Учителската школа во Битола. Во 1954 година е избран за асистент на тогашната Катедра за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје, а во 1961 година за предавач по предметот дидактика на истата катедра. Кон крајот на 1966 година го брани својот хабилитациски труд со наслов "Основни и битни обележја на свесната активност како дидактички принцип", после што е избран за доцент по предметот дидактика. Со звањето вонреден професор се здобива во 1972 година, а пет години потоа со звањето редовен професор. Во својот работен век, извршувал повеќе општествени функции. Во период од 1969 до 1972 бил директор на Републичкиот завод за унапредување на школството, а од мај 1978 до септември 1986 година, во два мандати бил член на тогашниот Извршен совет на Собранието на Македонија и ја извршувал функцијата републички секретар за образование и наука (министер за образование и наука). Покрај тоа, бил: проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, продекан на Филозофскиот факултет, член на Југословенската комисија за соработка со УНЕСКО и претседател на Одборот за образование при истата комисија, претседател на Републичкиот педагошки совет; претседател на Педагошкото друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на списанието „Просветно дело” и др. Автор е на околу 150 стручни и научни трудови и други прилози, објавени во разни списанија, зборници, весници, како во државава и надвор од неа. Неговиот истражувачки интерес бил насочен кон проучување на проблеми на теоријата на образованието и на наставата. Во 1976 година ја има добиено наградата "Климент Охридски", како највисоко републичко признание, за особено значајни постигања во воспитно – образовната дејност.
Во период од 1969 до 1972 бил директор на Републичкиот завод за унапредување на школството; продекан на Филозофскиот факултет; проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“; републички секретар (министер) за образование и наука (1978-1986); претседател на Одборот за образование при Југословенската комисија за соработка со УНЕСКО; претседател на Републичкиот педагошки совет; претседател на Педагошкото друштво на Македонија; главен и одговорен уредник на списанието „Просветно дело” и др. Автор е на околу 150 стручни и научни трудови.
Неговиот истражувачки интерес бил насочен кон проучување на проблеми од дидактиката и воспитно – образовната работа. Во 1976 година ја има добиено Наградата Климент Охридски, како највисоко републичко признание, за особено значајни постигања во воспитно – образовната дејност.
Библиографија
- Индивидуализација на наставата, Просветно дело, Скопје,
1993.
- Ученикот во наставата, Просветно дело, Скопје, 1989.
- Маркс, Енгeлс, Лeнин за воспитаниeто и образованиeто,
1963 (коавтор) и др. - Некои аспекти на концепциски програмски усовршувања
(основи и функција), Просветно дело, Скопје, бр.1, 1996. - Образованието во СР Македонија во 1980 година,
Просветно дело, Скопје, бр.1-2, 1981. - Некои искуства и проблеми во реформирањето на
универзитетот, Погледи, Скопје, бр. 1-2, 1978. - Некои аспекти за остварувањето на реформата на
средното образование и воспитување, Просветно дело,
Скопје, бр. 9-10, 1974. - Програмирање на воспитно – образовните содржини во
услови на научно – техничката револуција, Просветно
дело, Скопје, бр. 7-8, 1972. - Проблемот на програмирањето на воспитната работа,
Просветно дело, Скопје, бр. 9-10, 1971. - Функцијата и содржината на современото општо
образование, Просветно дело, Скопје, бр. 1-2, 1969. - Креативноста кај децата и младината, Културен живот,
Скопје, бр. 5-6, 1967. - Креативната активност на учениците во наставата – од
педагошката теорија од САД, Просветно дело, Скопје, бр.
7-8, 1966. - Основни тенденции во развојот и примената на
програмираната настава, Просветно дело, Скопје, бр. 9-10,
1965. - Оспособување на учениците да ги применуваат знаењата
во практика, Просветно дело, Скопје, бр. 9-10, 1974. - Просветно дело, Скопје, бр. 9-10, 1961.
- Филмот и телевизијата во воспитувањето на децата, во
книгата: Детето – наша грижа, Скопје, 1960. - Местото и педагошката функција на ученичкото досие,
Просветно дело, Скопје, бр. 3-4, 1959 (коавтор).