• angela.ikonomoska@fzf.ukim.edu.mk

Институт за педагогија

м-р Ангела Икономоска 

Асистент

М-р Ангела Икономоска е родена 1998 година во Прилеп. Основно и средно образование, како и основно музичко училиште завршила во родниот град. Се запишала на прв циклус студии на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје во академската 2016/2017 година. Додипломските студии ги завршила во 2020 година, со просечен успех 9,98. Во академската 2020/2021 година се запишала на втор циклус (магистерски) студии на студиската програма Педагошки науки на Институтот за педагогија. Студиите од дидактичко-методичката насока ги завршила во 2022 година, со просечен успех 10. Магистерскиот труд на тема: „Искуства на наставниците од основно образование за реализацијата на концептот за учење на далечина“, го одбранила во декември 2022 година, со што се стекала со научниот степен магистер по педагошки науки. Во периодот од 2020 до 2023 година била анганжирана како демонстратор на Институтот за педагогија. Во ноември 2023 година е избрана за асистент во областите: Методика и Дидактика на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Таа има остварено низа активности од доменот на стручно-апликативната дејност и дејноста од поширок интерес за академската, стручната и културната јавност. Учествувала на бројни обуки, семинари, работилници, конференции, проектни активности, размени и престои преку: Erasmus+, Pestalozzi Children’s Foundation, C:E:T platform, USAID, The Coalition of youth organizations SEGA и други. Со свои прилози има учествувано на конференции од национален и меѓународен карактер. Нејзините научноистражувачки трудови се објавени во зборници на трудови и стручни (научни) списанија со меѓународен уредувачки одбор. Има напишано значаен број статии поврзани со воспитанието и образованието на деца од предучилишна и училишна возраст за специјализираниот интернет-портал за родители и деца – Деца.мк (www.deca.mk). Била член на организациониот одбор на меѓународната научна конференција „75 години Институт за педагогија – воспитно-образовни предизвици и перспективи” (2022), како и на уредничкиот одбор на книгата на апстракти од конференцијата. Учествувала во организациони активности на „Денови на педагогија 2019“, научната и стручна трибина „Педагогијата денес и утре“ (2019), како и во промотивни активности на Отворениот ден на Филозофскиот факултет, за популаризирање на Институтот на педагогија, а воедно и дејноста на Филозофскиот факултет пред средношколската популација и пошироката јавност. Во 2021 година била анганжирана како проектен асистент на проектот со наслов: „Унапредување на вештините за справување со насилство во училиште преку интерактивни модели“ на Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ во Скопје. Истата година има волонтирано во Missionaries of Charity (Sisters of Mother Teresa), за давање стручна помош како педагог, во индивидуална и групна работа со деца. Го зборува англискиот, српскиот и хрватскиот јазик.