Институт за педагогија

д–р Марија Тофовиќ – Ќамилова

Редовен професор

Проф. д-р Марија Тофовиќ-Ќамилова е родена 1953 година во Загреб. Дипломирала во 1976 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1978 година е асистент на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирала во 1983 година на постдипломските студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје со тезата „Предзнаењето на учениците и нивното влијание врз наставата по Мајчин јазик“, а докторирала на истиот факултет во 1989 година со тезата „Позитивната емоционална атмосфера во наставата и факторите на нејзиното формирање – со посебен осврт врз влијанието на уметничката литература“ со што се стекнала со звањето доктор по педагошки науки. Од 1990 година е доцент по предметите Педагогија и Методика на основноучилишната настава, а кон крајот на 1994 година е избрана за вонреден професор. Во 1998 година е избрана како редовен професор на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Марија Тофовиќ-Ќамилова има остварено студиски престој во Универзитетот во Џорџ Таун, Вашингтон, САД; универзитети во Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Унгарија, Романија, Црна Гора.

Во еден период Марија Тофовиќ-Ќамилова била член на експертски тимови во Министерството за образование и наука на РС Македонија, Бирото за развој на образование на РС Македонија, Министерството за труд и социјална политика на РСМ; раководител на Програмата „Чекор по чекор“ (1995-2005); Член на организациони и уредувачки одбори на национални и меѓународни научни конференции во земјата и странство; рецензент на неколку меѓународни списанија од областа на воспитанието и образованието. Марија Тофовиќ-Ќамилова три децении е вклучена во работата на факултетски и стручни комисии при Филозофскиот факултет во Скопје.

Тофовиќ-Ќамилова 30 години активно учествува како експерт и тренер во многубројни меѓународни и национални образовни проекти и програми. Покрај тоа, д-р Марија Тофовиќ-Ќамилова, како образовен експерт, евалуатор и истражувач била вклучена во национални и меѓународни проекти и во бројни научни истражувања. Таа учествува во многу активности поврзани со образовната политика во областа на предучилишното и основното воспитание и образование, како и во подобрување на јазичната писменост во раната училишна возраст и на возрасните во Р. Македонија.

Таа има објавено бројни книги, учебници, научни публикации, како и дополнителни материјали од оваа област, наменета за наставници, ученици и студенти.

Д-р Марија Тофовиќ-Ќамилова повеќе од три децении предава на Институтите за педагогија, социологија, филозофија, психологија и историја на Филозофскиот факултет во Скопје.

Дваесет години ја реализирала наставата по Педагогија за студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а настава реализирала и на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Битола (1997-1999). Истовремено Тофовиќ-Ќамилова била долгогодишен реализатор на менторската настава по предметите Педагогија и Методика наменета за кандидатите од ненаставничките факултети (Педагошка доквалификација).

Проф. д-р Марија Тофовиќ-Ќамилова била ментор и член на голем број на дипломски, магистерски и докторски трудови

Го зборува англискиот, францускиот, српскиот, хрватскиот и бугарскиот јазик; се занимава со пишување на литература за деца.

Истражувачки интереси: педагогија, методика, педагошка работа со ранливи деца.

Проф. д–р Марија Тофовиќ-Ќамилова изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На првиот циклус студии:
  • 1

    Дидактика на јазично и уметничко подрачје

  • 2

    Почетно описменување

  • 3

    Педагошка комуникација

  • 4

    Интерактивни пристапи во наставата

  • 5

    Педагошка работа со ранливи деца

  • 6

    Педагогија

  • 7

    Општа методика

  • 8

    Основи на методика

На вториот циклус студии:
  • 1

    Воспитно-образовен процес

  • 2

    Современи образовни технологии

  • 3

    Развој на курикулум

  • 4

    Социјално-воспитна работа со ранливи лица

  • 5

    Дидактика

  • 6

    Образовен систем и законодавство

  • 7

    Директорот како педагошки раководител

  • 8

    Образовен систем на Р. Македонија

  • 9

    Стручно образование и обука

  • 10

    Ефективно училиште

  • 11

    Развој на предучилишен курикулум

  • 12

    Стандарди за рано учење и развој

  • 13

    Дидактика на општествено и природно-научно подрачје

  • 14

    Комуникации во образовните организации

На третиот циклус студии:
  • 1

    Дидактичко-методски приоди на наставата од јазично и уметничко подрачје

  • 2

    Стратегии на визуелна, графичка и симболичка комуникација во наставата

  • 3

    Моделирање на воспитно-образовниот процес

  • 4

    Курикулум на современото училиште

  • 5

    Образовна инклузија

На студискате програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на наставнички компетенции:
  • 1

    Методика

  • 2

    Педагошка практика



Библиографија

Публикации:

Tomevska-Ilievska, E., Tonic-Ribarska, J., Trajkovic-Jolevska, S., Ancevska Netkovska, K. and Tofovic Kjamilova, M. (2019) ‘Interactive Models in University Teaching: Application in Pharmacy Education’, International Academic Institute IAI, pp. 225-230

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2017) Основите на раното јазично описменување на децата во предучилишна возраст, Годишен зборник, 70, стр. 79-91. ISSN: 0350-1892 УДК:373.21:003-028.31.

Tofovic-Kјamilova, M., Tomevska-Ilievska, E. and Dimitrov, D. (2015) ‘The Mobility of Education – A Concept for Strengthening the Educational Capacities in R. Macedonia’, International Journal for Education, Research and Training. (IJERT) , 1(1), pp. 67-73. ISSN 1867-9841 (Printed). ISSN 1867-985X (Online). UDK: 37.014.5(497.7)“2007/2013“.

Tofovic-Kjamilova, M., Tomevska-Ilievska, E. and Sejdini, M. (2015) ‘The Optional Status of Albanian Language in Primary Education’, YILDIZ International Conference on Educational Research and Social Sciences Proceedings Book, pp. 372-382. ISBN 978-605-318-079-1.

Tofovic-Kjamilova, M., Dimitrov, D. and Tomevska-Ilievska, E. (2014), The Mobility of Education – A Concept for Strengthening the Educational Capacities in R. Macedonia. International Journal for Education, Research and Training. (IJERT) “Ss. Cyril and Methodius” University, Skopje, Faculty of Philosophy – Department of pedagogy. Volume 1, Issue 1. (pg. 75-81) ISSN 1867-9841 (Printed). ISSN 1867-985X (Online). UDK: 37.014.5(497.7).

Tomevska-Ilievska, E., Tofovic-Kjamilova, M. (2013), ‘The Contemporary Concept of Interactive Models in University Teaching’, 22 Annual ENIRDELM Conference: Educational Leadership: Bridging the Gap(s) between the Theory and Practice. Organised by the National School for Leadership in Education, SloveniaKranj: National School for Leadership in Education. pg. 32-33.

Tofovic-Kjamilova, M. and Tomevska-Ilievska, E. (2013) Development of Language Literacy – States and Perspectives in the Republic of Macedonia, International Symposium: Education between Tradition and Modernity. Skopje: Faculty of Philosophy, Institute of Pedagogy2, pp. 174-180. ISBN 978-608-238-011-7, ISBN 978-608-238-012-4.

Tofovikj-Kjamilova, M. and Tomevska-Ilievska, E. (2012) We prepare ourselves to read; Exercises for global reading for 5 to 7 year old children., Skopje: Prosvetno delo JSC.

Објавени книги/учебници/монографии:

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2018) Македонски јазик: Учебник за прво одделение во деветгодишно основно образование. (VIII издание) Скопје: Просветно дело. ISBN: 978-9989-0-0578-7.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2018) Македонски јазик: Учебник за второ одделение во деветгодишно основно образование. (IX издание) Скопје: Просветно дело. ISBN 978-9989-0-0600-5.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2009) Буква по буква Азбука. Методичко-дидактички прирачник за деца и за нивните родители за предучилишна возраст. Скопје: Просветно дело АД.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2009) Голема букварка – Работни листови по Македонски јазик за прво одделение. Скопје: Просветно дело АД.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2009) Пишуваме-Размислуваме – Работни листови по македонски јазик за второ одделение. Скопје: Просветно дело АД.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (2008) Се подготвуваме да читаме-вежби за глобално читање за деца од 5 до 7 годишна возраст. Скопје: Просветно дело АД.

Тофовиќ-Ќамилова, М., Адамчевска, С. (2002) Буквар за описменување на возрасни. Скопје: УНИЦЕФ.

Тофовиќ-Ќамилова, М. и Томевска-Илиевска, Е. (1999) Почнуваме да читаме. Методичко-дидактички прирачник за деца и за нивните родители за предучилишна возраст. Скопје: Просветно дело АД.

Тофовиќ-Ќамилова, М. (1996) Книжевни ликови и проблеми: со примери од лектирата за V-VIII одделение: прирачник за наставници и студенти. Скопје: Македонска цивилизација.

Тофовиќ-Ќамилова, М. (1994) Уметничката литература и педагошките чувства: Естетичко-педагошко истражување. Скопје: Метафорум АД

Учество на конференции (2011-2019):

Participation in International Education and Social Sciences Conference. International Academic Institute (IAI), Corvinus University, Budapest. Interactive Models in University Teaching: Application in Pharmacy Education (Co-author). Budapest, Hungary, 26 November 2019.

Присуство на завршна конференција Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет за предучилишното образование, воспитание и згрижување. Фондација „Чекор по чекор“, ЕУ за ТЕБЕ. Скопје, Република Македонија, 31 Јануари, 2019.

Participation in International Scientific Conference The education at the crossroads – conditions, challenges, solutions and perspectives. Macedonian Academy of Sciences and Arts. „Holistic Approaches in the Development of Reading“. Холистички пристапи во наставата. (Co-author). Bitola, Republic of Macedonia, 10-11 November 2017.

Participation in International Scientific Conference The education at the crossroads – conditions, challenges, solutions and perspectives. Macedonian Academy of Sciences and Arts. „ Professional Development of Teachers as a Precondition for Strengthening the Educational Capacities in the Republic of Macedonia“. „Професионалниот развој на наставниците како предуслов за зајакнување на образовните капацитети во Република Македонија“. (Co-author). Bitola, Republic of Macedonia, 10-11 November 2017.

Participation in Third International Conference Education across Borders, Education and Research across Time and Space. Ss. Kliment Ohridski University in Bitola, Faculty of Pedagogy. „ The Educational Competences of Teachers-Need and Challenge“. (Co-author). Bitola, Republic of Macedonia, 6-7 October 2017.

Participation in International Scientific Conference Pedagogy in a modern global society – EDUGLOBE. Jubilee – 70 YEARS Institute of pedagogy. Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University–Skopje, Republic of Macedonia. “Conventional and alternative approaches in the development of reading “. (Co-author). Ohrid, Republic of Macedonia, 19-21st September 2016.

Participation in International Scientific Conference Pedagogy in a modern global society – EDUGLOBE. Jubilee – 70 YEARS Institute of pedagogy. Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University–Skopje, Republic of Macedonia. “Tertiary literacy and university students“. (Co-author). Ohrid, Republic of Macedonia, 19-21 September 2016.

Participation in Second Educonference for Teachers and IT Experts. Organised by The Association for Development and Digitalization of Education and Cultural heritage – FRIENDS OF EDUCATION. Struga, Republic of Macedonia, 1-3 April 2016.

Participation in a Conference: Eurydice – Promising in the Macedonian educational system. Organised by the National Agency for European Educational Programmes and Mobilty. Skopje, Republic of Macedonia, 12 December 2014.

Participation in an international conference: “Social and educational inclusion and cohesion, theory, practice and perspectives“. Organized by the Macedonian Scientific Society Bitola. “Development of the concept of compensatory extracurricular activities with children from vulnerable groups”. (Co-author). Bitola, Macedonia, 17-18 October 2014.

Participation in an international conference: Yildiz International Conference on Educational Research and Social Sciences. Organised by the Yildiz Technical University, Faculty of Education-Turkey. “The Optional Status of Albanian Language in Primary Education“. (Co-author). Istanbul, Turkey, 1-3 September 2014.

Participation in a scientific conference: The Reforms in the Educational System in R. Macedonia”. Organised by the “Ss. Cyril and Methodius” University, Faculty of Philosophy–Skopje, Institute of Pedagogy. “Mobility in Education – A Concept for Strengthening the Educational Capacities in the Republic of Macedonia“. (Co-author). Skopje, Republic of Macedonia, 15 May 2014.

Participation in a Launch Conference: Implementation of the Erasmus Plus in Republic of Macedonia. Organised by the National Agency for European Educational Programmes and Mobilty. Skopje, Republic of Macedonia, 16 December 2013.

Participation in a public discussion: “Draft Document – the Macedonian Framework of Qualifications – Starting Points”. Organised by the Ministry of Education and Science of R. Macedonia, Skopje, Republic of Macedonia, 9 April 2013.

Participant in the Final Conference of the Project: Improvement of Pedagogical Skills of VET Teachers and Leadership Skills of Principals. International Project: Advancing the Pedagogical Competences of Teachers and the Managerial Skills of Principals in Vocational High Schools. Organised by the JAMK University of Applied Sciences-Finland,Faculty of Philosophy, “Ss. Cyril and Methodius” University-Skopje. Skopje,Republic of Macedonia, 30 October 2012.

Participation in International Scientific Symposium – 65 Years Jubilee of the Institute of Pedagogy: Education Between Tradition and Modernity. Organised by the “Ss. Cyril and Methodius” University, Faculty of Philosophy – Skopje, Institute of Pedagogy. „Development of language literacy-state and perspectives“. (Co-author). Ohrid, Republic of Macedonia, 22-24 September 2011.

Учество на проекти (1995-2019):

Експертски активности: Проект „Со читање до лидерство“. Компонента: Проценка на јазична и математичка писменост. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет – Институт за педагогија, УСАИД, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. (2013-2016)

Експертски активности: Координатор на проектот „Компетентни учители за 21 век“. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет – Институт за педагогија, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. (2013-2016)

Учесник во Mеѓународeн научен проект/Истражувачки активности: Кооперативен истражувачки проект: Образовните потреби на децата Роми. Аспекти на другоста од перспектива на одделни дисциплини на високото образование во Република Македонија. (Раководител: Проф. д-р Марија Тофовиќ – Ќамилова). Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет – Институт за педагогија, Универзитет „Гоце Делчев“ Педагошки факултет – Штип. (јануари – јули 2004)

Раководител на национален проект: „Чекор по чекор“. Воспитно образовна програма за предучилишно и основно образование. Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. (1995-2005)

Учесник во Mеѓународeн проект: Проект за професионално усовршување на наставниците од основните училишта во Република Македонија. (експерт) Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет – Институт за педагогија, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. (2002)

Експерт во проектот за Функционална писменост. УНИЦЕФ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Филозофски факултет – Институт за педагогија. (декември, 1999 – септември, 2000)