Институт за класични студии


Институтот за класични студии е една од првите наставно-научни единици на Филозофскиот факултет кој ја започна својата дејност во 1946 г. како Семинар за класична филологија. Основач на Семинарот, а воедно и прв декан на Филозофскиот факултет во периодот 1946-49 година, е професорот Михаил Д. Петрушевски. Како раководител, прво на Семинарот, а потоа на Катедрата за класична филологија, професорот Петрушевски создава база за натамошен развој на наставно-научната дејност на Катедрата. Во 1950 година тој е иницијатор за издавањето на научното списание од областа на класичните студии „Жива Антика“ и негов прв главен и одговорен уредник. Ова списание кое континуирано се издава до денес се стекна со висок рејтинг во научниот свет, така што денес во него свои трудови објавуваат многу видни научници од повеќе земји од светот, поради што се стекна со статус на меѓународно списание признаено и од УНЕСКО.

Почнувајќи од 1958 г. наваму воспоставени се поинтензивни контакти на меѓународно ниво, така што наставници од Катедрата учествуваат на повеќе меѓународни собири во европските земји (Германија, Англија, Бугарија, Италија, Шпанија, СССР, Словенија, Хрватска, Грција, Полска, Србија и др.) и во САД, а странски професори со свои излагања гостуваат пред студентите на класични студии (Грција, Романија, Бугарија, Полска, Хрватска, Србија, Словенија, САД, Велика Британија и др.)

Тројца професори на Институтот за класични студии, проф. д-р Михаил Петрушевски, проф. д-р Петар Илиевски и проф. д-р Витомир Митевски се избрани за редовни членови на Македонската академија на науките и уметностите.

За големиот придонес на полето на науката некои членови на овој Институт се почестени со највисоки општествени признанија: Академикот проф. д-р Михаил Д. Петрушевски е двократен добитник на највисокото републичко признание, наградата „11 Октомври“ и тоа во 1971 г. за животно дело, а 1976 г. за препевот на Скендербег од Григор Прличев. Во 1982 г. тој е добитник и на највисокото општествено признание во поранешната СФРЈ, наградата „АВНОЈ“ за животно дело. Академикот проф. д-р Петар Хр. Илиевски е исто така двократен добитник на наградата „11 Октомври“ и тоа 1972 г. за студијата Крнински дамаскин и 1990 г. за животно дело и за студијата Балканолошки студии. Проф. д-р Љубинка Басотова е добитник на наградата „Ванѓа Чашуле“ за преводот од латински јазик на делото Државата божја од Августин; на наградата „Гигор Прличев“ за препевот на Вергилиевата Ајнеида. За севкупниот преведувачки опус е наградена со наградата „Кирил Пејчиновиќ“, а од Здружението на литературни превдувачи и е прогласена за Мајстор на литературниот превод. Во 2006 година беше одликувана со највисокото државно признание, наградата „11 Октомври“. Проф. д-р Елена Колева во 2009 година ја доби државната награда „Св. Климент Охридски“ за долгогодишен придонес во воспитанието и образованието во РМ. Проф. д-р Маргарита Бузалковска-Алексова во 2006 година ја доби наградата „Златно перо„ од Друштвото на преведувачи на РМ, за певодот од старогрчки јазик на делото За душата од Аристотел. Академикот проф. д-р Витомир Митевски во 2008 година ја доби наградата на град Скопје, „13 Ноември“.

Наставниците и соработниците на Институтот за класични студии имаат објавено голем број научни и стручни студии како прилози во научни списанија, книги, средношколски и универзитетски учебници, преводи на македонски јазик на капитални дела од античката литература (Хомер, Хесиод, Платон, Аристотел, Кикерон, Хоратиј, Ајсхил, Софокле, Еврипид, Демостен, Овидиј, Вергилиј, Античка лирика, Витрувиј и други).

Институтот за класични студии интензивно соработува со Здружението на класични филолози Антика и со Бирото за развој на образованието, изготвува наставни програми по предметите латински и старогрчки јазик за средното образование, со децении е кооорганизатор на Републичкиот натпревар по класичните јазици и врши советодавна дејност во врска со наставата по класичните јазици.

Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје во долгогодишниот период на наставна дејност постојано ги менува, збогатува и осовременува студиските програми, делумно поради законските обврски што произлегуваат од промените во нормативите на високото образование, но во голема мера и поради иновативноста на наставниците во креирањето на нови академски содржини. Денес Институтот за класични студии организира настава за сите три степени на високо образование. На додиплoпмски студии има три студиски програми: Студиска програма по класична филологија со два изборни модули: антички студии и византологија, потоа Студиска програма по латински јазик и античка книжевност и Студиска програма по старогрчки јазик и античка книжевност. Еднопредметните студиски програми имаат изборни модули: македонски јазик, француски јазик и француски книжевно-културолошки студии. На последипломските студии понудени се студиски програми за две насоки: Античка книжевност и Византологија и другата Класични јазици и Микенологија. Докторските студии имаат два изборни модули: Класична и византиска книжевност и Калсична и микенолошка филологија.

Покрај предметните програми со кои се изучуваат класичните јазици на нормативно и на историско рамниште, како и предметните програми посветени на изучување на античката книжевност според книжевните видови на Институтот за класични студии согласно истражувачките интереси на наставниците изготвени се и предметни програми од античката култура, античката митологија, античките религии, музиката, поетиката, реториката и византологијата. За наставните содржини на Институтот за класични студии континуирано покажуваат интерес и студентите од другите студиски групи на Филозофскиот и на Филолошкиот факултет како и од други факултети на Универзитетот преку својот избор од Листата на слободни предмети со што Институтот остварува една многу важна и плодна соработка со другите наставно-научни единици на Универзитетот.

Институтот за класични студии е носител на студиските програми Класична филологија, Латински јазик и античка книжевност и Старогрчки јазик и античка книжевност.

Следете не’ на:

Професори


Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Вонреден професор

Координатор за ЕКТС / Библиотекар




  • м-р Марјан Калевски


  • соработник за библиотечно работење


  • тел: 3116 520 локал: 208


  • e-mail: marjank@fzf.ukim.edu.mk

Професори во пензија