д–р Борка Драгоевиќ-Јосифовска

АПроф. Борка Драгоевиќ-Јосифовска (1910, Горња Србица, БиХ – 2003, Скопје) дипломирала класична филологија и археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1834 г. Работела како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1948-1958). Во 1956 година го уредила лапидариумот во Куршумли ан. Во 1958 г. била избрана за лектор по латински јазик, во 1969 за виш предавач, а по одбраната на хабилитационен труд во 1974 за професор по латински јазик на Катедрата за класична филологија. Проф. Драгоевиќ-Јосифовска вршела археолошки истражувања на повеќе наоѓалишта: Исар-Марвинци, Драчево, Живојно, Стоби, Скупи и др. Била член на одборите за издавање на античките натписи од Југославија и на Tabula Imperii Romani.