Институт за класични студии

Јани Филовски

Јани Филовски (4 јануари 1923, Ксанти – 4 октомври 1973, Скопје) завршил гимназија во Цотилион, Грција. Во 1943 година ги завршил студиите на Вишата педагошка школа во Лерин. Следната година стапил во редовите на ЕЛАС, во составот на Првата егејска ударна бригада. Во 1945 година емигрирал во Битола, каде што десет години работел како наставник по македонски јазик. Во 1956 година ги завршил студиите на групата за класична филологија и почнал да работи како професор во УСУС „Никола Тесла“. Во 1961 г. бил избран за асистент при Катедрата за класична филологија на Филозофскиот факултет, а во 1971 г. за лектор по старогрчки јазик.