Институт за социјална работа и социјална политика


Институтот за социјална работа и социјална политика претставува посебна работна единица на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, формирана во далечната 1957 година. Со донесување на Самоуправната спогодба за здружување на Вишата школа за социјални работници со Филозофскиот факултет во Скопје, на 21 јуни 1984 година, се формира Институтот за социјална работа и социјална политика. Во академската 1988/89 година е запишана првата генерација студенти на четиригодишно додипломско ниво. Во академската 1994/95 година, Институтот за првпат започнува со организирање на студии на постдипломско ниво (специјалистички студии), а во академската 1998/99 година се започнува со реализација на првата магистерска програма. Во академската 2004/05 година, Институтот го воведува Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), со што обезбедува поголема флексибилност и  мобилност на студентите.  

Во 2013 година на Институтот, покрај настава на прв и втор циклус, воведува настава и на трет циклус студии. На Институтот, покрај акредитираната програма за социјална работа и социјална политика на сите три циклуси, на втор циклус се воведени студии по социјален менаџмент и специјалистички студии по социјална работа во здравството.

Во период од 1997 до 2003 година на Институтот дејствуваше ресурсниот Центар за улични деца/деца на улица, во чии рамки се координираше работата на 10 невладини организации кои работеа на програми со улични деца/деца на улица. Во 1998 година, Институтот во соработка со УНДП го отвори истражувачко-апликативниот Национален центар за континуирано образование за социјален развој. Центарот организираше бројни семинари за перманенто образование на кадар од областа на социјалната заштита, невладиниот сектор, локалната самоуправа, здравствено-образовните и други институции.

Институтот има богата научно-издавачка традиција, каде покрај бројни учебници и книги, публикувани од страна на наставниот кадар на Институтот, уште во далечната 1973, во рамки на Вишата школа за социјални работници, се публикува списанието „Социјална политика: списание за теорија и пракса”. Последниот број од ова списание е издаден во 1985 година. Подоцна, во 2008 година, во соработка со Фондација Фридрих Еберт и Филозофскиот факултет,  започнува да се издава списанието Ревија за социјална политика. Од 2012 година Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е единствен издавач на Ревијата за социјална политика. Списанието е со меѓународен уредувачки одбор, во кое се објавуваат оригинални научни и академски трудови, од областа на социјалната политика.

Институтот за социјална работа и социјална политика ја прослави својата 65-годишнина со меѓународна конференција, организирана од 19-22 септември 2023 година. http://65swsp.fzf.ukim.edu.mk

Покрај наставната дејност, наставниот кадар при Институтот за социјална работа и социјална политика активно учествува во голем број на научно-истражувачки проекти, изготовка на законски документи и стратешки акти. Институтот и неговите наставници се членови на: Источно-европското регионално здружение на школи за социјална работа, Европското здружение на школи за социјална работа, Европска мрежа за социјална политика, ЛСЕЕ Истражувачка мрежа за социјална кохезија во Југоисточна Европа, оснивачи се на Иницијативата за социјална политика на Југоисточна Европа, на Мрежата за социјална политика и социјална работа на Централна Европа (CESPASWON).

Институтот од почетокот на своето формирање, па се до денес, реализира наставно-образовна и научно-истражувачка дејност од областа на социјалната работа и социјалната политика, оспособувајќи високостручни и научни кадри за работа во домените на социјалната, детската и здравствената заштита, како и во доменот на образованието.

Во долгогодишниот период на наставна дејност, Институтот за социјална работа при Филозофскиот факултет, земајќи ги во предвид динамичните реформски промени на полето на социјалната политика и социјалната заштита на национално ниво, како и светските тенденциите во образованието на социјалните работници, постојано работи на осовременување на концептот на Студиските програма по социјална работа и социјална политика. Студиските програми на сите три нивоа имаат за цел да им овозможи на студентите да ги стекнат потребите компетенции и да им овозможи успешен премин од образование кон професионално ангажирање на националниот и на меѓународниот пазар на труд. Воедно, стекнатите знаења на додипломско ниво претставуваат добра основа за продолжување на студиите на повисоки ниова на образование, како и за вклучување во процесите на континуирана професионална надградба. Студиските програми ги антиципираат современите потреби на идните социјални работници. Истите се насочени кон осознавање на социјалните потреби и политики, за градење на социјална праведност, за креирање на социјалната заштита и за социјална сигурност на граѓаните. Програмите овозможуваат едукација за недискриминирачки однос во процесот на давање на услуги со посебен акцент на социјално ранливите категории на граѓани кои се соочуваат со социјални ризици како резултат на нивниот социјален и економски статус, етничка припадност, пол, возраст и друго.

Институтот за социјална работа и социјална политика е носител на студиската програма по Социјална работа и социјална политика.

Професори


Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор
Faculty member
Редовен професор

Координатор за ЕКТС / Библиотекар




  • Фросина Арсовска


  • помлад соработник за библиотечно работење


  • тел: 3116 520 локал:


  • e-mail: frosina.arsovska@fzf.ukim.edu.mk

Професори во пензија


Faculty member
Редовен професор