Институт за социјална работа и социјална политика

д–р Димитрија Трајковски

Редовен професор

Доктор по социјална работа и социјална политика, редовен професор на Институтот за социјална работа и социјална политика. Роден во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година, магистрирал на Правниот факултет во Скопје во 1991 година. Докторирал 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје..

Академска кариера

Доктор по социјална работа и социјална политика, редовен професор на Институтот за социјална работа и социјална политика. Роден во 1945 година.

Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година, магистрирал на Правниот факултет во Скопје во 1991 година. Докторирал 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во повеќе наврати била раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика како и директор на Националниот центар за континуирано образование за социјален развој при Институтот за социјална работа и социјална политика. Извршувала и други активности како што се членство во Советот на EASSW (Европска асоцијација на факултети за социјална работа); членство во Извршниот совет на Балканската летна школа за социјална работа; членство во Советот на Балканскиот форум за педагогија и образование, Солун; координатор на соработката на Институтот за социјална работа и социјална политика со Католичкото високостручно училиште за социјални науки од Падерборн, Германија и други.

Автор е на повеќе универзитетски учебници и публикации: – Управо право и управна постапка, Светлост графика, Скопје, 2002 – Детска заштита во Република Македонија, Светлост графика, Скопје, 2003 – Семејно право, Светлост графика, Скопје, 2005 – Некои семејно-правни аспекти на заштитата на децата на улица/ улични деца, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, кн. 54, 2001 – Што да се направи за невработените, а работоспособни граѓани?, во ,,Тенденциите на сиромаштијата и можностите за нејзино намалување’’, Фридрих Еберт, Скопје, 2001 – Правната заштита на старите лица регулирана во прописите од областа на семејното законодавство, Годишен зборник на Републичкиот завод за социјални дејности во Република Македонија, Скопје, 2001 – Осврт на деинституционализацијата како правен поим, посебно во рамките на системот на социјална заштита, Меѓународна научна конференција, во организација на Филозофски факултет и Институтот за социјална работа и социјална политика, Скопје, 2003 – Социјалната држава од аспектот на промените во нестопанските јавни служби во Република Македонија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, кн. 57, 2004.  Почина во Скопје во 2022 година.