Доквалификација
ЕДНОГОДИШНИ ДЕФЕКТОЛОШКИ СТУДИИ
(ДЕФЕКТОЛОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Фотокопија од уверението за дипломирање со оценки заверена на нотар или оригинал
- Договор за работа или фотокопија од образецот М1/М2 заверена на нотар
- Извод од матична книга на родените (оригинал)
- Индекс
- Две исти фотографии
- Образец за запишување семестар
- Уплатница за платена административна такса од 50,00 денари
- Уплатница за уплатени 15.000,00 денари на образец ПП 50
Назив на примач: Буџет на Р.С. Македонија- Филозофски факултет
Банка на примачот: Народна банка на РСМ
Сметка на примачот: 100000000063095
Смeтка на буџетски корисник: 1600104227 788 18
Приходна шифра: 723013
Програма: 41
Едногодишните дефектолошки студии се наменети за лица кои имаат завршерно наставнички факултети, или завршена Педагошко-психолошка и методска доквалификација, а се вработени во посебни основни и средни училишта или установи.
Се полагаат следните испити:
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ
- Општа дефектологија – проф. д-р Зоран Киткањ
- Професионална ориентација и оспособување на лица со пречки во развојот – комисија: проф. д-р Зора Јачова, проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ и проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова
- Психологија на лица со пречки во равојот – проф. д-р Огнен Спасовски
- Дидактика со специјална дидактика – проф. д-р Вера Стојановска
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ
- Олигофренологија со методика на одделенска настава со лесно ментално ретардирани ученици – проф. д-р Горан Ајдински
- Тифлологија со методика на одделенска настава со слепи и слабовидни ученици – проф. д-р Даниела Димитрова-Радојичиќ
- Сурдологија со методика на одделенска настава со глуви и наглуви ученици – проф. д-р Зора Јачова
- Соматопедија со методика за работа со телесно инвалидни ученици – проф. д-р Наташа Чичевска- Јованова и проф. д-р Оливера Рашиќ-Цаневска
Се избира и полага само еден од понудените изборни предмети.