д–р Горан Ајдински

Редовен професор

Проф. д-р Горан Ајдински е роден на ден 13. VI 1968 год. во Скопје. Основно и средно медицинско училиште има завршено во Скопје. По отслужувањето на воениот рок, се запишал на Дефектолошкиот факултет – група ментална ретардација на Универзитетот во Белград (учебна 1988/89). Дипломирал на Дефектолошкиот факултет во Белград на 1. XI 1992 год. Истата година се запишал на последипломски студии на групата за ментална ретардација, а ги завршил со одбрана на магистерска работа под наслов „Рано откривање, дијагноза и третман како претпоставка за успешна рехабилитација на ментално ретардираните лица“ на 16. XII 1994 год. и се стекнал со научен степен магистер по дефектолошки науки.

Во периодот 1993-1995 работел како наставник во ПОУ „Д-р Златан Сремац“ за ученици со лесни пречки во психичкиот развој, во Скопје.

Во почетокот на 1995 година бил избран и се вработил како помлад асистент на студиите по дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во текот на 1996 година бил избран во звањето асистент (по предметите Структурална дефектологија и Методика на ран третман и предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот). Докторската дисертација под наслов „Карактеристики во развојот на лесно ментално ретардираните ученици во однос на постигнатиот успех на училиште“ ја одбрани на ден 13. VI 1998 год. на Дефектолошкиот факултет во Белград и се стекнал со научен степен доктор по дефектолошки науки.

Во звањето доцент е избран во текот на месец февруари 1999 година по предметите Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во декември 2003 година е избран во звањето вонреден професор по предметите Основи на дефектологија, Структурална дефектологија и Дефектолошка дијагностика. Во ноември 2008 е избран во звањето редовен професор по научните области: општа дефектологија, олиогофренологија и дефектолошка дијагностика.

Во периодот 2001-2005 година бил раководител на Институтот за дефектологија.

Во периодот 2005-2009 година бил раководител на Советот на последипломски студии на Институтот за дефектологија.

Во периодот 2009-2017 година ја вршеше функцијата Декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

Добитник е на државната награда „Св. Климент Охридски„ 8 декември 2015, во областа на образованието.

Член е на комисијата за меѓународна соработка на Филозофскиот факултет. Го зборува англискиот јазик.

Истражувачки интереси: процена од областа на специјалната едукација и рехабилитација, инклузивно образование, специфични тешкотии во учењето.

Проф. д–р Горан Ајдински изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ДП1011/19] Едукација и рехабилитација на лица со интелектуална попреченост

  • 2

    [ДП1012/19] Процена на психомоторниот развој на лицата со интелектуална попреченост и аутизам

  • 3

    [ДП102И; ИО111И/19] Инклузивно образование на ученици со интелектуална попреченост

  • 4

    [ДП1052/19] Процена на специфични тешкотии во учењето

  • 5

    [ИО201З/19] Проблеми во учењето

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ДЕФ1] Современи аспекти во рехабилитацијата на лицата со инвалидност

  • 2

    [ДЕФ4] Процена на психомоторниот развој на лицата со инвалидност

  • 3

    [ДЕФ5] Новини во раната интервенција и едукација на лицата со интелектуална попреченост

  • 4

    [ДЕФ9] Истражувања во инклузивното образование

  • 5

    [ДЕФ3] Современи аспекти во едукацијата на децата со аутизам



Библиографија

Присуство на визуелни дефицити кај дислексијата, Меѓународна конференција „Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“, 2-5 септември 2020 година, Струга, Република Македонија.

Анализа на политичката и законска рамка на инклузивно образование во мултикултурни средини во некои земји на Балканот, V меѓународна конференција „Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со попреченост“, 13-15 септември 2018 година, Охрид, Република Македонија

Состојби и предизвици на инклузивното образование во Р. Македонија, V меѓународна конференција „Трансформација кон одржливо и флексибилно општество за лицата со попреченост“, 13-15 септември 2018 година, Охрид, Република Македонија.

Јазичните способности кај учениците со интелектуална попреченост, Дефектолошка теорија и практика, вол: 1/2 2018, Скопје.

Проблеми во учењето кај учениците со лесна интелектуална попреченост, Интернационално списание за когнитивни истражувања во науката, инжињерството и едукацијата, вол.6/1, 2018, Србија.

Квалитет на цртеж кај учениците со лесна интелектуална попреченост, VI меѓународна стручно-научна конференција „Унапредување на квалитетот на живот на деца и младинци“, 19-21.06.2015 година, Охрид, Република Македонија.

Quality of life in persons with intellectual disabilities in day-care centers, VI International scientific conference “Advance in the quality of life of children and young persons”, 19-21.06.2015, Ohrid, Macedonia.

Preschool inclusive education systems in some EU countries, Macedonia and Turkey, YICER YILDIZ International Conference on Educational Research and Social Studies September 01-03, 2014.

Physical fitness levels among Macedonian adolescents residing within the Skopje local municipality, International Journal of Scientific Issues in Physical Education, Sport and Health, Vol. 3 No. 1 pp. 33-43, 2014.

Високо функционален аутизам, Зборник на трудови, Струга, 2014.

Стресот во семејство со дете со интелектуална попреченост, Зборник на трудови, Охрид, 2013.

Социоекономски статус на семејствата со дете со интелектуална попреченост”, Хрватска ревија за рехабилитациски истражувања, вол.49 бр.2, Загреб, 2013.

Подобрување на детекцијата на децата со пречки во развојот во предучилишните установи, Зборник на трудови, Струмица, 2012.

Теорија на емоционално врзување на децата со аутизам и Даунов синдром, Зборник на трудови, Сомбор, 2010.

Анализа на ставовите на воспитувачите во предучилишните установи кон инклузивниот процес и застапеноста на децата со посебни образовни потреби вклучени во овие установи, Зборник на трудови, Битола, 2010.

Могучност социјалне интеграције особа оболелих од мултипле склерозе, (коавтор) Беградска дефектолошка школа, Факултет за специјалну едукацију и рехабилитацију, бр. 3,  2008.

Постдипломските студии на Институтот за дефектологија, Дефектолошка теорија и практика, бр. 3-4, 2007.

Улогата на дефектологот во процесот на инклузија во редовните основни училишта, Дефектолошка теорија и практика, бр. 1-2, 2007.

Меѓууниверзитетска соработка. Извештај за двегодишното искуство (коавторство),  Дефектолошка теорија и практика, бр. 1-2, 2006.

Помогни ми да го направам тоа сам (со коавтор), Годишен зборник на Филозофски факултет, 2006.

Ефекти од развојно компензаторната програма во работата со деца со тешка ментална ретардација, (со коавтори), Дефектолошка теорија и практика, Скопје, бр.3-4, 2005.

Неке карактеристике адолесцента са аутизмом (со коавторство, Београдска дефектолошка школа 2-3, 2004.

Примена на терминологијата за лицата со инвалидност во светот и кај нас (коавторство), Дефектолошка теорија и практика, Скопје, бр.1/2, 2004.

10 години постоење и работа на студиите по дефектологија 1993-2003, Дефектолошка теорија и практика, Скопје, бр.1/2, 2004.

Терминологија што се употребува за лицата со хендикеп, Дефектолошка теорија и практика, бр., Скопје, 2000.

Процена на сознајните функции кај децата со лесна ментална ретардација, Специјална педагогика, Софија, октомври 1999.

Процена на однесување на лесно ментално ретардираните ученици во училиште во: Годишен зборник, Филозофски факултет, Скопје, 1999.

Појдовни основи за изготвување на национална стратегија за спроведување на стандардните правила за изедначување на можностите на хендикепираните лица, (заедно со група автори) Дефектолошка теорија и практика, Скопје, бр. 3/4 јули 1999.

Од животот и работата на установата за ментално ретардирани лица Краенбург-Холандија, во Дефектолошка теорија и практика, бр. 2/3, Скопје, 1998.

Карактеристиките на ментално ретардираните лица, Дефектолошка теорија и практика, бр. 2/3, Скопје, 1998.

Растроеното внимание како невропсихолошка когнитивна дисфункција (заедно со група автори) Дефектолошка теорија и практика. Скопје, 1998.

Развојна дисхармонија од психотичен тип согледана од невропсихолошки аспект. (заедно со група автори)  Дефектолошка теорија и практика. Скопје, 1998.

Раната дијагностика на децата со пречки во развојот и улогата на дефектологот како член на стручниот тим, Специјална педагогика, Софија, декември, 1997.