ПЕ203З/18: Специјална педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаII3+26

Наставник: д–р Горан Ајдински

Цели на предметната програма:

Да се стекнат основни знаења за учениците со пречки во развојот и нивните можности за заштита, едукација и рехабилитација.

Содржина на предметната програма:

Односот на лицата со пречки во развојот низ историјата. Термини (терминологија) за попреченоста. Терминологија која се однесува на науките кои го проучуваат проблемот. Лица со пречки во развојот. Причинители за попреченоста. Превентива, рано откривање, дијагностика и рана интервенција на децата со пречки во развојот. Едукација, згрижување и социјалноекономски аспекти на рехабилитацијата. Институционална заштита, едукација и рехабилитација на учениците со посебни образовни потреби. Интеграција и деинституционализација. Улогата на стручниот тим во процесот на инклузија (педагог, психолог, одделенски наставник и специјален едукатор). Специфичности во наставниот процес и подготовка на час. Индивидуализација и наставни средства.

Литература:

1. Ајдински, Г., Киткањ, З., Ајдински, Љ., Основи на дефектологија – специјална едукација и рехабилитација, Македонска ризница, Куманово, 2007