Организациска структура
РАКОВОДИТЕЛ НА ЦГП
На чело на ЦГП стои раководител номиниран од членовите на Одборот, а именуван од
деканот на Филозофскиот факултет. Оваа позиција е волонтерска, а раководителот се
смета за прв меѓу еднаквите (primus inter pares). Негова примарна задача е да се грижи за
планирањето и реализацијата на активностите на Центарот, да го надгледува неговиот
развој, да ги организира и води седниците на Советот, како и да го претставува Центарот
пред факултетските и универзитетските инстанци, како и во медиумите и пошироката
јавност. Во моментот оваа позиција ја врши проф. д-р Билјана Ванковска ( biljanav@fzf.ukim.edu.mk )
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ЦГП
Заменикот раководител на ЦГП го заменува раководителот во случај на нејзино/негово
отсуство или друг случај кога таа/тој не е во можност да ги извршува своите должности.
Тој/таа се избира со мнозинство гласови на членовите на Советот.
Во моментот оваа позиција ја врши проф. д-р Тони Милески ( toni@fzf.ukim.edu.mk )
ПРОГРАМСКИ ОДБОР
Состав на Советот (покрај раководителката и заменикот):
Проф. д-р Лидија Георгиева
Проф. д-р Марина Митревска
Проф. д-р Митко Котовчевски
Проф. д-р Зорица Салтировска
Проф. д-р Маја Геровска Митев
Проф. д-р Константин Миноски
Проф. д-р Далибор Јовановски
Проф. д-р Наташа Ангелоска-Галевска
Проф. д-р Антоанела Петковска
Членови на Советот надвор од Филозофскиот факултет:
Проф. д-р Јорданка Галева, професор на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
Д-р Нена Неновска, директор, Фондација „Никола Кљусев“
Д-р Игор Радев, раководител на Синолошки центар за знаење, МАНУ
Д-р Адела Ѓорѓиоска, истражувач и директор на Институтот за одржлив прогрес
МЕЃУНАРОДЕН СОВЕТОДАВЕН БОРД
Меѓународниот советодавен борд се состои од 30-тина респектирани истражувачи и
научни работници од различни делови на светот. Составот на Бордот се потврдува со
одлука на Советот, а членството е исклучиво по индивидуална покана. Центарот е
посветен на обезбедување што порамномерна застапеност на различните светски
региони, како и на различните перспективи за глобалните прашања.
Членовите на Меѓународниот советодавен борд ќе добиваат редовни известувања за
плановите и тековните иницијативи на ЦГП. Нивните совети и сугестии ќе бидат од
огромно значење за остварување на мисијата и за растот на ЦГП. Овие високо
респектирани членови на Бордот може повремено да бидат поканувани да учествуваат
како гости предавачи или истражувачи, со физичко присуство или со средствата за онлајн
комуникација, зависно од околностите и логистичките можности. Секој член има право и
директно да се ангажира во тековните активности на ЦГП според нивните желби и
расположливото време, а во рамки на нивните сфери на научен интерес.
Во моментот, членови на Меѓународниот советодавен борд се:
- Ричард А. Фалк, Универзитет на Принстон, САД
- Веивеи Џанг, професор на Фудан универзитетот, Кина
- Џефри Сакс, професор на универзитетот Колумбија, САД
- Јан Оберг, директор на Транснационалната фондација за истражување на мирот и
иднината, Шведска - Радика Десаи, професор на Манитоба универзитетот, Канада
- Марика Ѓолаи, професор на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија
- Алехандро Бендана, одновач на Институтот за меѓународни односи во Манила,
Никарагва - Ричард Саква, професор на Универзитетот на Кент, Велика Британија
- Сејед Мохамад Маранди, професор на Универзитетот на Техеран, Иран
- Ивона Лаѓевац, заменик директор на Институтот за меѓународна политика и
економија, Србија - Василис Фускас, професор на Универзитетот на Источен Лондон, Велика Британија
- Душан Пророковиќ, раководител на Центарот за евроазиски студии, Институт за
меѓународна политика и економија, Србија - Фросина Витковска, професор на Џонгнан универзитетот во Вухан, Кина
- Марсела Мусабелиу, директор на Албанскиот институт за изучување на
глобализацијата, Албанија - Еике Албрехт, професор на Бранденбуршкиот универзитет, Котбус, Германија