Институт за безбедност, одбрана и мир

д–р Митко Котовчевски

Редовен професор

Проф. д-р Митко Котовчевски е роден на 31.08.1956 година во Ресен. Основното и средното образование го завршил во Ресен, со континуиран одличен успех. На Филозофскиот факултет во Скопје се запишал во учебната 1975/76 година на Наставно научна студиска група за општонародна одбрана и општествена самозаштита. Студиите ги завршил за помалку од четири години како првенец на генерацијата и како прв дипломиран студент по општонародна одбрана и општествена самозаштита во Македонија.

Во учебната 1981/82 година се запишал на постдипломски студии на Факултетот за одбрана во Белград, кои ги завршил во предвидениот рок и со одличен успех. Магистерскиот труд успешно го одбранил на Филозофскиот факултет во Скопје. Со академски степен доктор на науки се здобил со одбрана на докторската дисертација „Демографските карактеристики на ридско-планинските подрачја на Република Македонија и нивното значење за водење на народна војна”, на Филозофскиот факултет во Скопје во 1991 година. Со тоа беше промовиран како најмлад и еден од првите доктори на науки од областа на одбраната и безбедноста-националната безбедност на просторите на поранешна Југославија. Својата професионална кариера ја започнал во Републички секретаријат за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија на една мошне значајна и специфична проблематика од областа на организациско-мобилизациските работи во системот на одбраната на Република Македонија. Поставените задачи ги извршувал мошне одговорно и стручно. Потврда за тоа се неговите големи современи решенија, кои се имплементирани во мобилизацискиот систем на целата територија на нашата држава (посебно новиот модел за мрежно планирање на мобилизацијата на ВС).

Во 1981 година се вработил како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, каде работи и денес како редовен професор на предметите: Полемологија, Национална безбедност, Мобилизациски систем, Разузнавање, Глобални безбедносни закани, Невоени аспекти на безбедноста и Дефендологија. Во периодот од 1981 до1989 година ги изведувал и вежбите и предавањата по предметот „Одбрана и заштита” (ОНО и ОСЗ на СФРЈ I и II) на најголем број факултети при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Во рамките на своите работни ангажмани, покрај вршењето на неговите работни задачи како наставник на Институтот за одбранбени и мировни студии, при Филозофскиот факултет и на Правниот и Филолошкиот факултет во Скопје, тој е ангажиран и на постдипломските студии на Институтот за одбранбени и мировни студии. Исто така, во два мандати бил избран за заменик раководител на Балканскиот центар за мир, каде што е избран за координатор на наставата по предметите „Мировни стратегии и Немилитарни аспекти на безбедноста”. На европските постдипломски студии во рамките на Филозофскиот факултет е ангажиран во тимот за изведување на наставата по предметот „Европска безбедност”. Во текот на 2001 година бил избран за Директор на Центарот за менаџмент со кризи и член на Координативното тело за справување со кризи, основано од Владата на Република Македонија, со цел да ги координира, насочува и обединува активностите на органите на државната управа во справување со кризата, вклучувајќи ги разузнавачко-безбедносните служби и единиците за борба против тероризмот.

Во периодот од 1993 до 1995 година, и од декември 2002 година ја вршел/врши функцијата раководител на Институтот за одбранбени и мировни студии. Од 2009-2013 година ја извршува функцијата-Раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Повторно бил избран за раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир во 2013 година. Научниот ангажман на проф. д-р Котовчевски во изминатиот период бил насочен во конституирањето на повеќе научни дисциплини од сферата на националната безбедност. Нивната научна историска промоција кореспондира со појавата на повеќе значајни дела фокусирани кон целосно расветлување на современите проблеми и тенденции значајни за одбранбеното и безбедносното организирање на нашата држава и пошироко. Несомнено, вредноста на овие дела имала сериозно влијание врз научното фундирање на повеќе научни дисциплини. Во нашата држава тие дела заедно со останатите научни трудови на поголем број автори од оваа област овозможиле за прв пат во нашата историја да се изгради сопствена одбранбена и безбедносна научна мисла.

Неговите најнови научни ангажмани се насочени кон изработка на два значајни научни проекти со кои се нудат најоптимални решенија за целосно изградување и успешно функционирање на системот за национална безбедност на Република Македонија. Бил раководител на три поголеми научно-истражувачки проекти од областа на национална безбедност и други глобални безбедносни закани.

Во фокусот на неговите најнови научни истражувања, најзначајно место зазема расветлување на феноменот на војната, бунтот, панбунтот и тероризмот во Република Македонија на Балканот и пошироко, организираниот криминал и другите извори на загрозување на националната, регионалната и меѓународната безбедност, феноменот на разузнавањето и на современите разузнавачки служби како и проучувањето на геостратегиската, геополитичката, военостратегиската и военополитичката положба на Република Македонија и на Балканскиот Полуостров и нивното влијание врз националната и регионалната безбедност. Исто така предмет на неговото научно истражување претставува и анализата за позиционираноста и геостратегиското значење на македонскиот простор за големите империи во минатото како значаен геостратегиски крстопат во текот на различни историски епохи, како и феноменот на полемологијата и воените доктрини. Неговите трудови за Борба против тероризмот и Заштита од тероризам и насилнички криминал имаат голема практична примена и беа поддржани од Министерството за одбрана на Р. Македонијa.

Широкиот спектар на области кои долги години претставуваат предмет на неговата научно-истражувачка работа со примена на оригинални и специфични методолошки постапки во голема мера ја збогатија и ја осовременија методологијата на научно-истражувачката работа во сферата на одбранбените и безбедносните научни дисциплини (теорија за војната, полемологија, воени доктрини, концепција доктрина и систем на општонародна одбрана, општествена самозаштита, интегрална безбедност, безбедност и заштита, национална безбедност, систем на колективна безбедност, основи на разузнавање, современи разузнавачки служби, невоени аспекти на безбедноста, организиран криминал, современ тероризам, глобален тероризам, глобални безбедносни закани, транснационални безбедносни закани и безбедносни проценки).

Општествена активност. Покрај неговото активно општествено политичко и професионално учество во републичката и сојузната комисија за ОНО, ОСЗ и Безбедност (два мандати), беше избран за член на Комисијата при РК СВР СМ и член на Одборот за координирање, следење и поттикнување на активностите во воспитанието, образованието и обучувањето на младите за ОНО и ОСЗ при Републичкиот Комитет за образование и наука.За време на распаѓањето на СФРЈугославија и осамостојувањето на Р. Македонија активно беше вклучен во изработката на една комплесна безбедносна студија за претседателот на Републиката – „Извори на загрозување на интегралната безбедност на Република Македонија“, труд од посебен научен интерес за безбедноста и процесот на осамостојување на нашата држава. Во процесот на безбедносно осамостојување на Р. Македонија континуирано вршел теоретски проучувања и практично работел во конципирањето на новиот одбранбен модел на Република Македонија. Во поглед на креирање на моделот за интегрална и национална безбедност професорот Котовчевски има пионерска улога. Исто така активно учествува во проектот на МАНУ „Утврдување на фундаменталните вредности на Република Македонија и изворите на загрозување на националната безбедност“. Огромен е и неговиот придонес во изработката на методологијата на стратегијата за национална одбрана и национална безбедност и стратегијата за одбрана и национална безбедност. Активно учествувал и во изработката на планот за одбрана на Р. Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. Професор Котовчевски бил вклучен и во едукацијата на оперативни кадри за потребите на определени разузнавачко безбедносни служби. Исто така избран е за постојан член на Иницијативата за истражување на глобалните стратешки прашања (GSIRI) – Центар за стратегиски истражувања на МАНУ. Член е на повеќе меѓународни уредувачки одбори на познати научни списанија помеѓу кои и „Матица српска“.

Основоположник е на Центарот за кризен менаџмент на Р. Македонија во 2001 година. Го зборува францускиот и бугарскиот, се користи со англискиот, рускиот и турскиот јазик.

Истражувачки интереси: полемологија, национална безбедност, разузнавање, интегрална безбедност, мобилизациски системи, безбедносни проценки, дефендологија.

Проф. д–р Митко Котовчевски изведува настава и вежби по пред­ме­ти­те на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [Б1013] Теорија и системи на безбедност

  • 2

    [Б227] Тероризам и организиран криминал

  • 3

    [Б228] Разузнавањето и политиката

  • 4

    [Б231] Разузнавање и контраразузнавање

  • 5

    [Б235] Еколошки криминалитет

  • 6

    [О1023] Теории за војната

  • 7

    [МР213] Асиметрични закани по мирот и безбедноста

  • 8

    [Б215] Систем за внатрешна безбедност

  • 9

    [МР233] Стратегија на новиот свет

  • 10

    [0111] Конфликтите и одбранбена политика

На третиот циклус студии:
  • 1

    Национална безбедност и разузнавање

  • 2

    Вооружените конфликти и тероризам



Библиографија

Книги:

Котовчевски, М. (1997). Македонија-воена алка на светот, (воена географија на Р. Македонија). Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (1999). Извори на загрозување на мирот и на националната безбедност. Скопје: Балкански центар за мир.

Котовчевски, М. (1999). Македонија-воена алка на светот (военогеографски и геостратегиски аспекти). Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2000). Национална безбедност на Република Македонија – прв  дел. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2000). Национална безбедност на Република Македонија – втор дел. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2000). Национална безбедност на Република Македонија – трет дел. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2000). Тајни служби. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2002). Дефендологија. Куманово: Македонска ризница.

Котовчевски, М. (2002). Современ тероризам. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2002). Современи разузнавачки служби. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2003). Македонија-воена алка на светот (военогеографски и геостратегиски аспекти). Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2004). Борба против тероризмот. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2005). Дефендологија (второ изменето и дополнето издание). Куманово: Македонска ризница.

Котовчевски, М. (2005). Прирачник за заштита од тероризам и насилнички криминал. Скопје: Македонска цивилизација.

Котовчевски, М. (2007). Англиско-македонски речник на разузнавачката терминологија. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2007). Етиологија на вооружените конфликти. Скопје.

Котовчевски, М. (2007). Разузнавачката заедница на САД. Скопје.

Котовчевски, М. (2007). Тајните служби на Балканот. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2007). Разузнавачко-безбедносните заедници на државите во Југоисточна Европа. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2009). Англиско-македонски и македонско-англиски речник на разузнавачката терминологија. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2010). Англиско-македонски и македонско-англиски речник на разузнавачка и контраразузнавачка  терминологија. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2011). Национална безбедност. Скопје: Филозофски факултет.

 Котовчевски, М. (2011). Полемологија. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2011). Meнаџирање на терористички закани. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2013). Основи на разузнавање. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2016). Национална безбедност. Скопје: Филозофски факултет.

Котовчевски, М. (2018). Полемологија. Скопје: Филозофски факултет.

Трудови:

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2019). Resource Wars, Knowledge – International Journal Scientific and Applicativе papers, vol. 20/1, Bansko.

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2019). From Integral towards National Security, Knowledge – International Journal Scientific and Applicativе papers, vol. 20/1, Bansko.

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2017). National And Human Security Concept, Knowledge – International Journal Scientific and Applicativе papers, vol. 20/1, Bansko.

Kotovcevski, M. (2016). The geostrategic position of Macedonia, International scientific conference, MANU, Skopje.

Kotovcevski, M. (2016). Cause for the occurrence of revolutions, 11 th International scientific conference: knowledge in practice, Bulgaria.

Kotovcevski, M. (2016). Comparative-historical analysis of the study of revolution, International scientific conference: knowledge in practice, Bulgaria.

Kotovcevski, M. (2015). The revolutions in the future – the future of the revolutions, The sociological review, No. 2/2015, Volume ХVI, Skopje.

Kotovcevski, M. (2015). Modern theoretical determinations and basic intelligence attributes are essential when defining the intelligence, International Journal Scientific and Applicative Papers V10/1, International scientific conference: knowledge – capital of the future. The power of knowledge, Agia Triada, Greece.

Kotovcevski, M. (2015). Polemological and security analysis of the revolutions in the past and today, International Journal Scientific and Applicative Papers V11/1, International scientific conference, Bansko, R. Bulgaria.

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2015). The revolutions in the future – the future of the revolutions, Sociological Review, No. 2/2015 Volume XVI, p. 57-69.

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2015). Human security concept and health security, International Journal Scientific and Applicative Papers V8/1, 4 th International scientific conference, Bansko, R. Bulgaria.

Kotovcevski, M. (2015). Violence against women, armed conflicts, gender and human security, Univerzity St. Kliment  Ohridski” – Bitola, Faculty of Security, Skopje.

Kotovcevski, M. (2014). The Military and Defense Concept of the Macedonian Liberation Movement in the Light of the Doctrine of Armed People and the Model of People’s War, Security dialogues,  International peer reviewed Journal, Vol.5, Number 1, Faculty of Philosophy, Institute of security, defence and peace.

Kotovcevski, M. (2014). Management of terrorist threats, Journal of Process Management-New Technologies, International, Vol.4.

Kotovcevski, M. and Kotovcevska, B. (2014). The geostrategic and geo-military positions of the Republic of Macedonia in Europe and the Balkans, University “ St. Kliment Ohridski” – Bitola, Faculty of Security, Skopje.

Kotovcevski, M. (2014). Non – tariff protectionism in selected developing countries managament of therrorist threats, 3 rd International scientific conference, Bansko, R. Bulgaria.

Kotovcevski, M. (2013). Wahhabism in the Balkans-Islamic threat or threat to the Islam, Security dialogues, International peer reviewed Journal, Vol.4, Number 1, Faculty of Philosophy, Institute of security, defence and peace.

Kotovcevski, M. (2013). The Balkans  – Unextinguishet Volcano, Univerzity St. Kliment  Ohridski” – Bitola; Ohrid faculty of Security, Skopje.

Kotovcevski, M. (2012). Safety analysis of the plan for managing the conflict of 2001 in the Republic of Macedonia, “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Ohrid, Faculty of Security-Skopje.

Kotovcevski, M. (2011). Organizational structure of the new model of the system for national security of Republic of Macedonia, International scientific conference: Security and euroatlantic perspectives of the Balkans-Police science and police profession, “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Faculty of Security-Skopje.

Котовчевски, М. (2011). Организациска структура на новиот модел на системот за национална безбедност на Република Македонија, International scientific conference: Security in the post-conflict  (Western) Balkans: transition and challenges faced by the Republic of  Macedonia.

Котовчевски, М. (2010). Конфликтите, тероризмот и пенетрацијата на вахабизмот на Балканот, Меѓународна научна конференција „Балканот-безбедносен предизвик за Европа и меѓународната заедница“.

Котовчевски, М. (2009). Силата, моќта и политиката во контекст на војната и војувањето, Современа македонска одбрана, год. x. бр. 18, Скопје, стр. 7-23.

Котовчевски, М. (2009). Етиолошките карактеристики на транснационалниот организиран криминал и корупцијата и нивното влијание врз националната и транснационалната безбедност, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.62 ), Скопје.

Котовчевски, М. (2008). Историско-компаративна анализа на разузнавачко-безбедносните системи на Албанија и Романија во ерата на комунизмот, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје.

Котовчевски, М. (2008). Актуелната организациска поставеност на разузнавачко безбедносната заедница на Р.Хрватска и Р. Словенија,  Современа македонска одбрана, год. VIII. бр. 17, Скопје, стр. 27-45.

Котовчевски, М. (2008). Разузнавачко безбедносната заедница на Р. Романија и Р. Албанија,  Современа македонска одбрана, год. VIII. бр. 17, Скопје.

Котовчевски, М. (2007). Современи теории за револуциите, поимовно-терминолошко определување на револуцијата, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје.

Котовчевски, М. (2007). Разузнавачко безбедносната заедница на Р.Хрватска, Современа македонска одбрана, год. VII. бр. 16, Скопје, стр. 35-51.

Котовчевски, М. (2007). Војни за ресурси, Современа македонска одбрана, год. VII. бр. 15, Скопје, стр. 25-41.

Котовчевски, М. (2007). Организираниот креминал – најсериозна закана за националната безбедност на Р. Македонија и за нејзините евроатлански интеграции , Научен собир, Министерство за одбрана на Р.М, Филозовски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии, Скопје,стр.55 -67.

Котовчевски, М. (2006).  Револуцијата одвнатре, Современа македонска одбрана, год. V. бр. 14, Скопје,  стр. 13-31.

Котовчевски, М. (2006). Маѓепсаниот крук на вооружените конфликти и тероризмот на Балканот, Научен собир, Министерство за одбрана на Р.Македонија, Филозовски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии, Скопје, стр.133 – 141.

Котовчевски, М. (2006). Разузнавачко-безбедносната заедница на САД после терористичките напади на 11-ти септември 2001, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје.

Котовчевски, М. (2006). Armed uprisings, Часопис полициске академије Београд – НБП, Vol. XII, No. 1, Београд,  стр. 149 – 146.

Котовчевски, М. (2006). Зачарани круг оружаних конфликата и тероризма на Балкану, Безбедност (рубрика „Из стране литературе“) год. XLVIII, 3/06, МУП – РС, Београд.

Котовчевски, М. Трансформација на разузнавачките служби на Р. Грција и Р. Албанија, Современа македонска одбрана, год. V. бр. 13, Скопје,  стр. 9-25.

Котовчевски, М. (2005). Разузнавачко безбедноста заедница на Р. Бугарија, Современа македонска одбрана, год. V. бр. 12, Скопје, стр 23-43.

Котовчевски, М. (2005).  Панбунт, Современа македонска одбрана, .бр. 11, Скопје.

Котовчевски, М. (2004). Разузнавачко безбедносната заедница на Р.Босна и Херцеговина, Современа македонска одбрана, бр. 10, Скопје.

Котовчевски, М. (2004). Вооружениот бунт одвнатре, Современа македонска одбрана, бр. 9, Скопје.

Котовчевски, М. (2004).Разузнавањето – златен клуч во борбата против тероризмот; Разузнавањето – браник во одбраната од тероризмот, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.57 (57), Скопје.

Kotovcevski, M. (2003). Srtucture, Funkcions and Democratic Control of the Intelligence Community, Defence and Security Sector Governance and Reform in South East Europe: Insights and rerspectives: a self – assessment study, Volume II Macrdonia, Moldavia, Romania, Geneva; Belgrade.

Котовчевски, М. (2003). Граѓанската војна одвнатре, Современа македонска одбрана, бр. 8, Скопје.

Котовчевски, М. (2002).  Разузнавачко безбедносниот систем на државната заедница Србија и Црна Гора , Современа македонска одбрана, бр. 7, Скопје.

Котовчевски, М. (2002). Разузнавањето златен клуч во борбата против тероризмот, Современа македонска одбрана, бр. 6, Скопје.

Котовчевски, М. (2002). Конфликти, видови и нивна трансформација, Современа македонска одбрана, бр. 5, Скопје.

Kotovcevski, M. (2002). The chalenges of post – conflict reconcilation and peacebuilding in Macedonoja, presentation on “polemological and security analysis of  Macedonian conflict 2001, Skopje.

Котовчевски, М. (2001). Разузнавачко – безбедносната заедница на Руската федерација,  Современа македонска одбрана, бр. 3, Скопје.

Котовчевски, М. (2001). Тероризамот – современо светско зло , Одбрана, бр.59, год. X, ( посебен прилог -студија), Скопје.

Kotovcevski, M. (2000).  International Scholar Conference “ Ten Years After : Democratization and Security Challenges in SEE, 27 -29 Octobar hed a presentation on “Ethnic cleaning at the Balkans Geo – political Crossroad”, Ohrid.

Котовчевскики, М. (2000). Систем за национална безбедност на Република Македонија , Современа македонска одбрана, бр. 2, Скопје.

Котовчевски, М. (2000).  Балканот – геополитички крст , Современа македонска одбрана, бр. 1, Скопје.

Котовчевски, М. (1999). Воено – демографски карактеристики на Р.Македонија, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.26 (52), Скопје.

Котовчевски, М. (1998). Конгресната контрола врз разузнавачко – безбедносниот систем на САД,  Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.25 (51), Скопје.

Котовчевски, М. (1997).  Влијанието на демографските движења врз подготовките и водењето на одбранбена војна во современи услови, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.24 (50), Скопје.

Котовчевски, М. (1996). Теории и доктрини на современите ограниченилокални војни до распадот на СССР, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.23(49), Скопје.

Котовчевски, М. (1995). Утврдување на моделот за прогноза на населението во ридскопланинските  и пограничните подрачја на Р. Македонија, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн.22(48), Скопје.

Котовчевски, М. (1995). Утврдување на моделот за прогноза на населението во ридско планинските и пограничните подрачја на Република Македонија , Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн. 22, Скопје.

Котовчевски, М. (1994). Теоретските определби за историчноста и повеќезначноста на поимот народна војна, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн. 21, Скопје.

Котовчевски, М. (1993).  Стратегија на народната војна, Годишен зборник на Филозовскиот факултет, кн. 20, Скопје.

Котовчевски, М. (1993). Воено одбранбениот концепт на македонското национално ослободително движење, Научен собир по повод 100 – годишнината од основањето на ВМРО и 90 – годишнината од Илинденското востание, Струга, 10 – 11 декември.

Котовчевски, М. (1988). Титовото воено дело – ренесанса на марксовото учење за вооружениот народ, Научен собир на Филозовскиот факултет, Скопје , 23 март.

Професор Котовчевски има објавено и околку двесте стручни анализи, безбедносни проценки за националната, регионалната и глобалната безбедност во неделникот „Денес“, во „Нова Македонија“, во стручното списание „Одбрана“ и други стручни списанија во Р. Македонија. Со светски познатиот професор Јохан Галтунг во неделникот „Денес“ има објавено текст – проценка, безбедносна анализа и прогноза во која беа најавени вооружените конфликти на Косово и Р. Македонија.