Д703З/18: Инклузивна пракса

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаVII0+56

Наставник: д–р Зора Јачова, д–р Даниела Димитрова Радојичиќ, д–р Наташа Чичевска Јованова, д–р Александра Каровска Ристовска, д–р Оливера Рашиќ Цаневска

Цели на предметната програма:

Примена на стекнатото знаење и вештини од областа на Инклузивно образование на ученици со оштетен слух, оштетен вид, интелектуална попреченост, моторни нарушувања и специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија и диспраксија).

Содржина на предметната програма:

Студентите ги посетуваат редовните училишта во кои има вклучено ученици со оштетен слух, оштетен вид, интелектуална попреченост, моторни нарушувања и специфични тешкотии во учењето. Активно учествуваат во креирањето и спроведувањето на Индивидуалниот образовен план за учениците со пречки во развојот во редовното училиште. Учествуваат во тимската работа и стекнуваат вештини кои се неопходни за самостојна стручна работа со децата со пречки во развојот во редовното училиште.

Литература: