Д801З/18: Дефектолошка пракса
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | VIII | 0+5 | 6 |
Наставник: д–р Зора Јачова, д–р Даниела Димитрова Радојичиќ, д–р Наташа Чичевска Јованова, д–р Наташа Станојковска Трајковска, д–р Оливера Рашиќ Цаневска
Цели на предметната програма:
Примена на стекнатото знаење и вештини од областа на Методика на работа со деца со оштетен слух, оштетен вид, интелектуална попреченост, моторни нарушувања, аутизам и комбинирани пречки во развојот.
Содржина на предметната програма:
Студентите ги посетуваат посебните училишта, заводи и дневни центри кои се специјализирани за процена, хабилитација, рехабилитација и едукација на деца со оштетен слух, оштетен вид, интелектуална попреченост, моторни нарушувања, аутизам и комбинирани пречки. Практично се запознаваат со посебните методи и техника за работа со децата со попреченост. Активно учествуваат во креирањето и спроведувањето на воспитно-образовната работа во посебните училишта, заводите за рехабилитација и дневните центри. Учествуваат во тимската работа и стекнуваат вештини кои се неопходни за самостојна стручна работа со децата со пречки во развојот.
Литература:
–