Институт за историја

д–р Никола Жежов

Редовен професор

Никола Жежов е роден на 20 октомври 1970 година во Штип. Основно и средно образование завршил во Штип. Во 1990 година се запишал на Филозофскиот факултет во Скопје при Институтот за историја каде и дипломирал во 1995 година. Истата година се запишал на постдипломски студии на посочениот институт на насоката Историја на македонскиот народ- најнов век. Во октомври 2000 година го одбранил магистерскиот труд под наслов Режимот на Кралството на СХС и отпорот на македонскиот народ во Брегалничкиот округ 1918-1924 година и се здобил со научен степен магистер по историски науки. Се вработил на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за историја како асистент на предметот Историја на македонскиот народ – најнов век на 15 март 2002 година. На 20 октомври 2006 година ја одбранил докторската дисертација со наслов Македонското прашање во југословенско- бугарските односи (1918-1941) и се здобил со научен степен доктор по историски науки. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како професор по предмети од научната област Историја на Македонија, Современа историја (после 1914) и Методика. Во периодот од 2009 до 2013 година бил избран за Продекан за настава на Филозофскиот факултет во Скопје.

Учесник е на повеќе конференции, семинари и проекти во Романија, Бугарија, Хрватска и Словенија. Го зборува англискиот јазик.

Истражувачки интереси: македонското национално ослободително и револуционерно движење од крајот на XIX век до почетокот на Втората светска војна; македонското прашање меѓу двете светски војни; односот на балканските држави и големите сили кон Македонија во периодот помеѓу двете светски војни.

Проф. д–р Никола Жежов изведува настава и вежби по предметите:

На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
  • 1

    Македонското национално ослободително и револуционерно движење (1913- 1944)

  • 2

    Македонија во политиката на Големите сили и балканските држави (1913- 1949)

На третиот циклус студии:
  • 1

    Десницата во македонското национално ослободително и револуционерно движење (1913- 1941)

  • 2

    Балканските комунистички партии и македонското прашање



Библиографија


Објавени стручни и научни трудови:

Монографии и книги

Никола Жежов, Борис Сарафов (1872- 1907), едиција „Македонски дејци“, Скопје, 2019.

Никола Жежов, Панчо Михајлов- Чавдар (1888- 1925), едиција „Македонски дејци“ Скопје, 2017.

Никола Жежов, Ефрем Чучков (1868- 1923), едиција „Македонски дејци“ Скопје, 2017.

Никола Жежов, Атентатите на ВМРО, едиција „Македонски искушенија“ Скопје, 2016.

Енциклопедија ВМРО (1893-1934), главен редактор Никола Жежов, редактори Мирјана Нинчовска, Теон Џинго, Скопје, 2015.

Никола Жежов, Мише Развигоров (1873- 1907), едиција „Македонски дејци“ Скопје, 2015.

Никола Жежов, Васил Чакаларов (1874- 1913), едиција „Македонски дејци“ Скопје, 2014.

Никола Жежов, Васил Чакаларов, едиција „Македонски искушенија“ кн. 13, Скопје, 2014.

Никола Жежов, Павел Шатев, едиција „Македонски искушенија“ кн.8, Скопје, 2013.

Никола Жежов, Тодор Александров, едиција „Македонски искушенија“ кн.9, Скопје, 2013

Едиција „Македонски дејци“ Христо Чернопеев, дневници, спомени и документи од Балканските војни 1912/13 година, предговор, избор и редакција проф.д-р Никола Жежов, доц.д-р Мирјана Нинчовска, Скопје, 2013.

Едиција „Македонски дејци“ Георги Кулишев, спомени, дневник, документи, предговор, избор и редакција проф.д-р Никола Жежов, доц.д-р Мирјана Нинчовска, Скопје, 2013.

Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Зборник на документи на лица политички затворани и осудувани за самостојна Македонија (1945- 1990), том 2, Скопје, 2012.

Димитар Кироваков, Од Кајмакчалан до Грамос, предговор и редакција доц.д-р Никола Жежов, Скопје, 2011.

Михаил Керамитчиев, Недовршени спомени, предговор и редакција доц.д-р Никола Жежов, Скопје, 2010;

Златко Билјаноски- Михајло, Сеќавања, предговор и редакција доц.д-р Никола Жежов, Скопје, 2008.

Никола Жежов, Македонското прашање во југословенско- бугарските дипломатски односи (1918- 1941), Скопје, 2008.

Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Репресијата и репресираните во најновата македонска историја (прв дел), Скопје, 2005.

Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Предавствата и атентатите во македонската историја, Скопје, 2004.

Поглавја од книги

Зоран Тодоровски, Никола Жежов, ВМРО 1908- 1918- 1934, ВМРО, кн.2, том II, едиција „Македонски искушенија“ Скопје, 2015, 383- 398.

Никола Жежов, Расцепот во ВМРО 1928- 1934, ВМРО, кн.2, том II, едиција „Македонски искушенија“ Скопје, 2015, 433- 451.

Никола Жежов, Егејска Македонија во борбата за слобода (1941- 1949), Македонската борба за слобода, едиција „Македонски искушенија“, кн.6, том IV, Скопје, 2013, 1251- 1264.

Никола Жежов, Пиринска Македонија во борбата за слобода (1941- 1949), Македонската борба за слобода, едиција „Македонски искушенија“, кн.6. том IV, Скопје, 2013, 1235- 1248.

Никола Жежов, Виолета Ачкоска, Мирјана Нинчовска, Организации на ВМРО: „Бунт„ „Илинден 1903„ „ВМРО на Тренчев- Терзиев„ Жртви на комунистичкиот режим, едиција „Македонски искушенија“ кн.4, Скопје, 2012, 105- 121.

Никола Жежов, ВМРО-СДРМА и ВМРО- ПРАВДА, Жртви на комунистичкиот режим, едиција „Македонски искушенија“ кн.4, Скопје, 2012, 89- 101.

Никола Жежов, Катерина Мирчевска, Егејска Македонија во Граѓанската војна во Грција 1946- 1949, Еден век прогонство, едиција „Македонски искушенија“ кн.3, Скопје, 2012, 53- 77.

Никола Жежов, Егејска Македонија во XX век, Еден век прогонство, едиција „Македонски искушенија“ кн.3, Скопје, 2012, 81- 97.

Стручни и научни статии

Никола Жежов, Седмиот конгрес на ВМРО низ извештаи, писма, протоколи и записници, “Македонски архивист“, година, XXIII- XXIV, број 23- 24, Скопје, 2018, стр.163- 176.

Никола Жежов, Улогата на Димитар Влахов во преговорите на ВМРО со Советска Русија во 1923 година, зборник Димитар Влахов 1878- 1953, Скопје, 2018, 75- 86.

Nikola Zezov, The Treaty of Bucharest and the Macedonian National Liberation and Revolutionary Movement of Macedonia (1913- 1934), Macedonia 2013, 100 years after the Treaty of Bucharest, edited by Natasha Garrett, Toronto, 2017, 307- 318.

Никола Жежов, Убиството на штипскиот војвода Мише Развигоров, зборник на трудови, Улогата на штипско Ново Село во македонската историја, Штип, 2014, 152- 165.

Никола Жежов, Селото Пожарско во Граѓанската војна во Грција 1946- 1949 година, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, книга 64, Скопје, 2011, 209- 223.

Никола Жежов, Историјата на секојдневниот живот и наставата по историја, зборник Современата настава по историја, Скопје, 2010, 9- 15.

Nikola Zezov, Two concepts for the establishment of the Macedonian state, Macedonian historical review, vol.1, Skopje, 2010, 159-166;

Никола Жежов, Македонското прашање во односите на Кралството на СХС и Бугарија (1919-1923), зборник „ Македонија и соседите„ Скопје, 08-09 12 2006, Скопје, 2010;

Никола Жежов, ВМРО-РЕАЛНА ОПАСНОСТ ИЛИ ИЗГОВОР ЗА РЕПРЕСИВНИ МЕРКИ? Необјавени документи на министерството за внатрешни работи на Кралството Југославија за ВМРО, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, книга 62, Скопје, 2009, 291-303;

Никола Жежов, Ванчо Кенков, Еден пример на усна историја од Костурско, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, книга 61, Скопје, 2008, 303- 314.

Никола Жежов, ВМРО и атентатот врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, книга 60, Скопје, 2007, 333- 347.

Никола Жежов, Прилог кон политиката на Кралството на СХС во Брегалничкиот округ (Брегалничката област) 1918- 1924„ „Историја„ Скопје, 2003, бр.1- 2, 121- 130.

Никола Жежов, Историските настани во играната продукција, „5- ти Национален телевизиски фестивал„ Крушево, декември 2003.

Никола Жежов, Кон книгата „Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан„ од Иван Чаповски „Стремеж„, год.51, бр. 5- 6, Прилеп, 2005, 111- 113.