И703З/18: Историја на македонскиот народ во XX век

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ИсторијаVII3+25

Наставник: д–р Никола Жежов

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со основните процеси, настани и личности од историјата на македонскиот народ во XX век на етногеографската територија на Македонија.

Содржина на предметната програма:

Положбата во Македонија по Букурешкиот мировен договор во 1913 година; македонскиот народ во Првата светска војна; македонското прашање во периодот помеѓу двете светски војни; македонското национално ослободително и револуционерно движење меѓу двете светски војни; колонизациите и етничките промени во Македонија; денационализаторската и асимилаторската политика на балканските држави во етногеографска Македонија; личности и организации во македонското револуционерно движење; Македонија во Втората светска војна; НОВ во Вардарскиот дел на Македонија; НОВ во Пиринскиот дел на Македонија; НОВ во Егејскиот дел на Македонија; личности и организации во македонското национално ослободително движење 1941-1944 година; културната автономија на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија под бугарска власт 1944-1949 година; Македонците во Бугарија по Втората светска војна до крајот на XX век; Македонците и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година; Македонците во Грција до крајот на XX век; Положбата на Македонците во Албанија по Втората светска војна.

Литература:

1. Група автори, Историја на македонскиот народ, книга 4, Институт за национална историја, Скопје, 2003

2. Никола Жежов, Македонското прашање во југословенско-бугарските дипломатски односи (1918- 1941), Филозофски факултет, Скопје, 2008

3. Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Предавствата и атентатите во македонската историја, Макавеј, Скопје, 2004

4. Виолета Ачкоска, Никола Жежов, Репресијата и репресираните во најновата македонска историја (прв дел), Макавеј, Скопје, 2005

5. Никола Жежов, Мирјана Нинчовска, Георги Кулишев, Спомени, дневник, документи, Филозофски факултет, Скопје, 2013

6. Даринка Петреска, ВМРО 1918- 1934, хронологија, Скопје, 2004