ИА502З/18: Историја на институциите во Македонија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаV3+25

Наставник: д–р Никола Жежов

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со развитокот, ингеренциите и организациската поставеност на управните, верските, судските, образовните, културните и државно-политичките институции на територијата на етногеографска Македонија од антиката до крајот на XX век.

Содржина на предметната програма:

Создавање и функционирање на институциите во античка Македонија; институциите во средновековна Македонија; Охридската архиепископија од основањето до 1762 година; институциите во Македонија под Османлиска власт; културно-просветни и религиозни институции во Македонија во XIX век; културно-просветни и образовни институции во Македонија под власта на Кралството на СХС, Бугарија и Грција; воени, културни и образовни институции во повоената македонска држава во состав на југословенската федерација.

Литература:

1. Новица Велјановски, Државно-правниот развој на Македонија (1945-1953), Скопје, 1992

2. Група автори, Историја на македонскиот народ, кн. 4, ИНИ, Скопје, 2003

3. Надежда Цветковска, Македонското прашање во југословенскиот парламент меѓу двете светски војни, ИНИ, Скопје, 2000

4. Наде Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997

5. Бранко Петрановиќ, Историја Југославије, Београд, 1981