fptbty


Институт за историја на уметност и археологија

д–р Снежана Филипова

Редовен професор

Проф. д–р Филипова Снежана е родена во Скопје. Дипломирала (1987) на Филозофскиот Факултет во Скопје, и магистрирала (1994) на ЦЕУ во Будимпешта на Институт за Средновековни студии. Остварила специјалистички престој како вонреден студент од 1.10- 31.12. 1995 на Courtold Institute of Art во London кај професор Робин Кормак. Во јули 1988 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како приправник, а една година потоа е избрана за помлад асистент при Институтот за Историја на уметност со археологија. Докторската дисертација на тема „Рановизантиски капители во Република Македонија” ја одбранила во јануари 2005 година на Филозофскиот Факултет во Белград, Србија, со што се стекнала со звањето доктор на науки по историја на уметност. Во звање доцент е избрана 2005 година, а во звање вонреден професор избрана е 2010 година. Од март 2015 година е редовен професор при Инститот за Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Објавила над 60 стручни и начни трудови, меѓудругото во престижниот најстар светски часопис за историја на уметност и археологија BCH, Париз и часописот ICON, Ријека на издавачот Bripoll, а најновиот труд е во издание на Rutledge. Учествувала на преку 80 научни конференции и конгреси во земјата и странства, меѓу кои: од 21-25 09. 2010 година на Интернационалниот Конгрес на Академиите на науки и уметности на Србија, Русија и Полска во Краков, на 21-от светски конгрес на византолози во Лондон од 21-26.08. 2006 г. и на 23-от светски конгрес на византолози Белград во 22-27. 08. 2016 година, и на RSA во Чикаго во март 2017 година, на конференции и конгреси организирани од Академијата на Науки и Уметности на Русија (септември 2018 г., Москва и септември 2015 г., РАНХИС, во Липецк), БАН на Бугарија (март 2015 во Софија и 2-5.10. 2019 во Јамбол), Академијата на Науки и Уметности на Романија (Букурешт, одделение на академијата AIESEE, 2-6.09. 2019 г.), како и на музејот Ермитаж во Петроград септември-октомври 2017. На поканата на Државниот Универзитетот Ломоносов, Третјаковска Галерија и Музејот Ермитаж учествува на конференција во октомври 2018 г.

Добитник е на наградата Херберт Манинг за најдобар студент на генерација во 1987 година.

Остварила студиски престои на универзитети во Словенија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Англија, Бугарија, Русија, Србија и Грција.

Била координатор за ЕКТС на матичниот Институт до 2006 година, секретар а потоа и Раководител на постдипломски студии на матичниот Институт во два наврати во 2007-2009 г. и во периодот на 2013-2014 година. Била член на редакцијата на Зборникот на Филозофскиот Факултет од 2012-2016 г., како и на комисијата за настава на Филозофскиот Факултет поќнувајќи од 2018 година.

Членува во: македонското археолошко здружение МАНД уште како студент од 1986 година, The International Academy for the promotion of Historical Studies од 2003 г., Rennaisance Society of America од 2016 година, MECERN (Medieval Central Europe Research Network); член е и основач на Македонското Хералдичко Здружение од 2003 г, а учествува во основањето и работата на Комитетот за византологија и медиевистика на Р. Македонија од 2017 година.

Одржала серија предавања за Ранохристијанската уметност и средновековната уметност во Македонија на покана на Универзитетот во Загреб на Институтот за Историја на уметност, Филозофски Факултет и во МИМАРА Музејот во мај 2009 година, како и на Филозофски Факултет во Ријека, Институтот за Историја на уметност (2008, 2014) на и Филозофскиот Факултет во Марибор, на Институтот за Историја на уметност (2014)., како и на Академијата во Липецк, Русија во септември 2015 година и на Сорбона, јуни 2018 година. На покана на Музејот на Македонија одржала предавања во 2009 и 2014 година за новите хералдички ликовни извори во Македонија.

При Управата за заштита на културно наследство на МК учествува во комисија на оценка на елаборати за ревалоризација на музејски збирки (2009 г.)

Учесник е во повеќе национални и интернационални проекти, организирани од национални домашни музеи и Филозофскиот Факултет (ТЕМПУС 2002-2005), како и проекти организирани од Department of Byzantine and Modern Greek Studies, University of Vienna под раководство на професор Клаудија Рап (Moving Byzantium Project и Еразмус проектот EdMuse project – Education and Museum: Cultural Heritage for science learning is a two-year Strategic Partnership (2015-2017) funded by the EU Programme Erasmus+, Key Action 2 Cooperation for innovation and the exchange of good practices, и на проектот The Role of UNESCO CHAIRS in promoting the medium term strategy 2014-2021 in the Balkan Peninsula 2016 година во Кавала. Учествува во проектот Рашколовано знање на Теорија која хода, Београд и Контрапункт Скопје 2009-2012 г. Консултант е на проект за активности за реставрација на новооткриена базилика во Баргала во 2009/10 г. на Музеј и Национална Галерија Штип, заедно со колеги од БАН. Член е на капитален проект за Баргала-2014 година

Подготвила сценарио за документарно едукативната емисија за Македонската хералдика во текот на март 2009 г. на МТВ, а учествува и во серијалот Симболите на Македонија емитуван на МТВ во 2018 година, коавтор е на сценарија за дваесетина емиси од областа на културното наследство за Телевизија Сонце, во текот на 2011-2014 година.

Одлично го зборува англискиот и српскиот јазик; го користи францускиот, италијанскиот и германскиот јазик. Се занимава со фотографија, имала неколку фото изложби во Штип, Смедерево и т.н., а неколку децении се занимавала и со хорско пеење.

Истражувачки интереси: Ранохристијанска и средновековна уметост, методологија на историјата на уметност, хералдика, археологија.

Проф. д–р Филипова Снежана изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [У101З/18] Методологија и теорија на историјата на уметност

  • 2

    [У112З/18] Средновековната уметност меѓу Истокот и Западот

  • 3

    [У215И/18] Уметноста на доцната антика и раното христијанство

  • 4

    [У226И/18] Хералдички систем на знаци

  • 5

    [ФУ104И/18] Сакрална архитектура, иконографија и христијанскиот ритуал

На третиот циклус студии:
  • 1

    Научноистражувачка методологија со примена и примери во подрачјето на историјата на уметноста

  • 2

    Ранохристијанска црква: историја, литургија, уметност

  • 3

    Средновековни ракописи



Библиографија


Sacred and Healing Springs in the Republic of N. Macedonia, in: Sacred Waters: A Cross-Cultural Compendium of Hallowed Springs and Holy Wells, Rutledge 2020

Essay on artistic solutions, reason for choosing iconography and circulation of models and ideas and art history terminology, Patrimonium 18, 2020, 345-350

Early Christian iconography, the role of the cross and variant of crosses present in the art works in Macedonia, in: The basilica of St. Sophia during the transition from paganism to Christianity, 494-511, Faber, Sofia 2018

Western influences in Medieval Macedonian art, Museum and Educational context, Unknown or not popularized styles, 82-87, International Edmuse Conference Proceedings, Sapienza Università di Roma, 2017

Images of cities in the Macedonian Collection of icon paintings, Patrimonium 15, 345-359, Skopje: Kalamus 2017

Examples of Icons with Western Influences in Iconography in the Art of Macedonia Case Study of the Icon Virgin with Child (inv. no. 81) from the Ohrid Gallery of Icons, ICON 9, Brill Rijeka, 2016, 187-196

Comparative methodology of the Heracles’ knot and its meaning in Macedonian art, Patrimonium 14, Скопје 2016, 107-116

The sacrifice of Abraham from Bargala’s wooden relief, Patrimonium 13, 2015, 107-121

Белешки за употребата на хералдиката во Византија и византиските инсигнии, Systasis 27, Skopje 2015

The early Christian fragmented wooden relief from the site Bargala, Ниш и Византија, 221-236, Ниш 2014

The influence of Eastern and Western Architectural models on the churches built in the province Macedonia in the 5th-6 th C., Academic Journal of Interdisciplinary Studies, Volume 2, no. 3, November 2013, MCSER Publishing, Rome-Italy 2013, 425-429

Early Christian reliquaries and encolpia and the problem of the so called crypt reliquaries in the Republic of Macedonia”, Rome, Constantinople and newly Converted Europe, Archaeological and Historical evidence, vol. II, Krakow, Leipzig-Rzeszow-Warszawa 2012, 113-130

Early Christian reliquaries in the Republic of Macedonia, Systasis 20 (2012)

Примери на рановизантиска палстика и капители од Македонија со аплицирани натписи и/или, Systasis 6-7, 2008

Sculptures medievales des XI et XII siécles en ARYM”, Actes du colloque international La sculpture byzantine 7-12 siecles, BCH suppl. 49, 183-197

Рановизантијски капители креирани у престоници у Јустијаново доба: македонске и српске аналогије, Zbornik radova Niš i Vizantija IV, Niš 2006, 199-212

”Romanesque art in Macedonia”, “Issues and Resources for the Study of Medieval Europe,” Budapest, Krakow, Prague, 2001, 16-18;

Книги:

Ранохристијанските културни центри и творечките процеси во уметноста на Македонија, Скопје 2020

Студии за Хералдиката во Македонија, Македоника Литера, 2015

Седум споменици на културата од Скопје и скопско, Македонида, Скопје 2009 (автор заедно со Димитрова Елизабета, коавтори Иљовска Венета, Велков Гордана)

Рановизантиски капители во Република Македонија, Каламус, Скопје 2007

Македонска културна ризница, Kalamus, 2006, (електронска книга, коавтор, автор на текст за област Скулптура)

Архитектонска декоративна скулптура во Македонија во 5-6 и 11-12 век, Матица Македонска, Скопје Мелбурн 1997