У606И/18: Методолошки практикум

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностVI2+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Аналитички размислувања за уметноста, внимателно гледање и запазување на детали и анализирање на ликовниот феномен. Стекнување со вештини за академско пишување. Практична примена на знаењата стекнати во наставата од историја на уметност, обогатување на стручната терминологија со користење стручни и општи лексикони.

Содржина на предметната програма:

Методолошкиот пристап во историјата на уметност како многу важен сегмент од соодветната стручна валоризација на уметнсота. Задавање на работна задачи (семинарска работа, есеј, презентации, каталог, интервју, библиографија, биографија, елаборат, дипломска работа и т.н.).. Подготовка за изработка на студентски и стручен труд. Формулирање/ идентификување на тема за научно истражување. Објаснување на нејзините основни делови, правење на концепт, разработка, аргументација. Користење научни извори за обработка на темата; работна и стручна библиографија. Планирање и организирање на научниот труд; пишување и документирање на трудот. Најраспространети начини на цитирање. Научен заклучок- резиме. Вежби како критички да се чита и користи стручен и научен труд, како да се спроведе истражување – дискусија и практикување. Практична примена на главните методи на историјата на уметност – преку примена врз ремек дела од различни периоди и автори,. Препознавање на атипични и вообичаени иконографски решенија, стилски диференцијации, иконолошка анализа, компаративно следење на една тема во различни стилски периоди или во ист стилски период обработена од различни автори. Користење референтна литература, монографски изданија, лексикони и енциклопедии, прирачници, периодика и капитални изданија од областа на историјата на уметност. Развивање на вештини на дексрипција, интерпретација, валоризација и аргументирано научно излагање според утврдени стандарди. Најпознати издавачки куќи, библиотеки, онлине извори. Најпознатите преставници на Методологијата: Пановски, Лазарев, Бјатостоцки, Грабар, Беквит, Краутхајмер, Чурчиќ и т.н. Значењето на уметничката критика. Правење документација за едно дело. Изготвување библиографија на тема, автор, споменик. Интернет пребарување на библиографија и база на податоци, он лајн музејски колекции и библиотеки.

Литература:

1. Jacqueline Chanda, “Art History Inquiry Methods: Three  Options for Art Education Practice”, ART Education, 17-24, Vol. 51, No. 5, Sep., 1998.

2. Eric Fernie (selection & commentary), Art History and Its Methods, Phaidon, 2010.

3. Pächt, Otto, The Practice of Art History: Reflections on Method, New York: Harvey Miller, 1999.

4. Виолета Панзова, Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003.

5. Dictionary of Art Historians, AHWA Association, http://www.dictionaryofarthistorians.org/

6. Виолета Панзова, Прирачник за изработка на студентски трудови, Филозофски факултет, Скопје, 2013