У405И/18: Хералдика во Македонија (балкански контекст)

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностIV2+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Продлабочување на знаењата од областа на хералдиката на територијата на Балканот, препознавање грбови, знамиња медаљи, печати и останати обележја и симболи на феудални фамилии и владари, државни формации кои постоеле на овие простори, црковни организации, градови, еснафи и т.н. што може да ги применат во сликарството и идентификација и датација на прортрети, работилници, мајстори. Случаи на грбови и монограми како замена за грб користени во византиската свера на влијание, Романија, Грција, како и во црквите во Охрид, Прилеп, Лесново, Старо Нагоричино и т.н.), и да ги препознаат преку ликовни симболи извезени на облека и опрема и инсигнии членките на западните благороднички фамилии кои влегуваат во брак со балкански владари преку ликовни претстави на истите во нашите споменици (споменици сликани за време на Српската средновековна држава). Да се запознаат со промените и варијациите на државните грбови на средновековните и подоцнешните балканските држави, како и најновите промени по распадот на социјалистичките држави во кои се применувала амблематика, а не хералдика. Да се запознаат со повторната ренесанса на Херадиката во Македонија преку нејзина масовна примена во сите области, но и со отстапувањата од правилата заради недоволно познавање на истите.

Содржина на предметната програма:

Грбовите применувани и настанати на територијата на Балканот од средниот век до денес, симболи на феудални фамилии и владари, државни формации кои постоеле на овие простори, црковни организации, градови, еснафи и т.н. што се среќававаат во сликарството а можат да помогнат во идентификација и датација на портрети, работилници, мајстори. Грбовници рачно сликани или печатени како доказ на поседување територија или водени од идеја за обединување на Словените на Балканот. Проблемот на македонскиот грб како територијално обележје и одделни грбови на локални феудални владари. Грбовникот на Охмучевиќ, влијанието на Христофер Жефаровиќ и графиката во ширењето на хералдичките грбови. Влијанието на западната хералдика врз амблемите креирани на територии од Балканот кои влегуваат во составот на Турција, и оние во склоп на Австро Унгарското Царство. Социјалистичките грбови и знамиња и амблеми како замена на хералдичките. Современата примена на хералдиката во Македонија, грбови на општини, компании, државен грб и ордени, знаме. Ликовни аспекти и отстапувања кај современите грбови.

Литература:

1. Александар Матковски, Грбовите на Македонија, Мисла, Скопје, 1990 (второ издание)

2. Драгомир Ацовиħ, Хералдика и Срби, Завод за уџбенике, Београд, 2008

3. Снежана Филипова, Студии за хералдиката во Македонија, Македоника Литера, 2015

4. Snežana Filipova, “Notes on Miac’s flags”, Macedonian Herald I, 2-6; Macedonian Herald II, 5-8, 2005, 2007

5. Вујадин Иванишевић, “Развој хералдике у средњевековној Србији”, ZRVI XLI, 213- 234, Византолошки Институт, САНУ, Београд, 2004

6. Filipova Snežana, Medieval Paintings in Macedonian Churches and Applied Arts As the Echo of the Heraldic Society, Poznan Library, 2009