У306И/18: Хералдика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја на уметностIII2+26

Наставник: д–р Снежана Филипова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знаења од областа на хералдиката како визуелна помош со коja се разликуваат, препознават грбови, знамиња, печати и останати обележја и симболи-амблеми на фамилии, кооперации, манастири, гилди, градови, држави, институции како што се универзитети, библиотеки, и т.н. што ќе може да ги применат во дообликувањето на знаењата и дополнувањето на сознанијата за европското сликарство и скулптура и идентификација и датација на портрети, како и основни познавања на специфичните аспекти на генеологијата и семиологијата во средновековниот период и времињата кои следат. Ова може да резултира во дополнување на сознанија за споменици, слики и скулптури со аплицирани хералдички обележја на нарачувачот или сопственикот на делото-објектот, пишување статии, изработка на современи хералдички грбови и амблеми на приватни лица, компании, институции.

Содржина на предметната програма:

Дефиниција на хералдиката, причини и време на појава, значење, развој на правилата, развој по региони во Европа. Првите хералди и најстари грбови. Хералдиката како визуелно средство за препознавање на личности и институции, грбовите –симболи на идентитет, ранг, професија, нивната доминантна статичност и наследност. Најстар хералдички труд со дескриптивен карактер, грбовници. Лични и институционални грбови. Цивилна хералдика, земен грб, фантастичен грб. Илирски грбови. Поврзаноста на хералдиката со историјата на уметностa. Ликовниот аспект на грбовите како декорација во сликарството (ракописи, фрески и осликување на таваници на благороднички капели) , во рељеф- на градските порти, замоци и палати, на таписерии во приемните одаи, на надгробни споменици, мостови, во витраж на градската јавна архитектура и резиденцијални објекти. Хералдиката денес, анахрони и современи тенденции.

Литература:

1. Stephen Slater, The Illustrated Book of Heraldry, Lorenz Books, London 2003

2. Александар Матковски, Грбовите на Македонија, Мисла, Скопје, 1990

3. Miloš Ćirić, Heraldika 1 (grb, ilustrovani osnovni pojmovi), Univerzitet umetnosti u Beogradu, 1983

4. Snežana Filipova, “Komnenian Heraldry and the fresco painting in Macedonia”, Macedonian Heritage (Македонско Наследство), 101-124, Македонска Цивилизација, Скопје, двоброј 36-37, 2010

5. Vujadin Ivanišević, „Razvoj heraldike u srednjevekovnoj Srbiji“, ZRVI XLI, 213-234, Vizantološki Institut, SANU, 2004

6. Снежана Филипова, Студии за Хералдиката во Македонија, Македоника Литера, Скопје, 2015