д–р Татјана Стојаноска Иванова
Татјана Стојаноска Иванова е родена на 12 ноември 1975 година во Скопје. Основно и средно образование завршува во Скопје со континуиран одличен успех. Дипломира на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во јануари 1999 година. Во септември 1998 година е избрана за најдобар апсолвент на Филозофскиот факултет и е наградена од страна на Ректоратот на УКИМ, а во мај 2000 година е добитник на награда од страна на Министерството за образование и наука за најдобар дипломиран студент со просечна оцена 9.90. На Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за социологија се вработува во јуни 2003 година како помлад асистент, а претходно 3 години е демонстратор. Д-р Стојаноска Иванова има завршено две насоки на последипломски студии – Социологија на општествени девијации и Социологија на религија, а магистерската теза на тема „Моралните аспекти на јудаизмот, христијанството и исламот“ ја брани во јуни 2007 година. Докторската дисертација ја пријавува на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет и истата ја брани во април 2011 година со наслов „Верските заедници и принципот на религиска толеранција во Р. Македонија“. Во 2020 година е избрана за редовен професор на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Проф. Стојаноска Иванова во два мандата била Раководител на последипломски студии за Европска интеграција и комуникација (плус програма на англиски јазик) и в.д. Раководител на Институтот за социологија.
Д-р Стојаноска Иванова остварува и меѓународна научна активност и престојува во реномирани Европски Универзитетски центри. Во 2007 година престојува на Јагиелонскиот Универзитет во Краков, Полска, 2008 година Линц, Австрија, 2011 година учествува во размена на професори и студенти со Универзитетот АГХ од Краков, Полска, 2015 година Прага, Европска социолошка асоцијација, 2017 година Факултет за криминологија и криминалистика Р. Босна и Херцеговина, и други меѓународни учества со трудови.
Д-р Стојаноска Иванова редовно учествува во активностите на Филозофскиот факултет, посебно во промовирање на сите новитети и научни дејности на истиот. Претседател е на Комисијата за односи со јавноста, медиуми и медиумска промоција на Филозофскиот факултет во Скопје, член на Одборот за доверба, соработка и односи со јавноста на Филозофскиот факултет во Скопје, член на комисијата за организирање на Отворен ден на УКИМ и други активности.
Проф. Стојаноска Иванова има остварено голем број експертски активности од областа на социологијата, координатор на меѓународни и национални проекти од областа на образование и култура, едукатор и обучувач во рамките на образованието и методиката на настава. Ангажирана е како експерт во изготвување на предметни програми за граѓанско образование за осмо, деветто одделение, и средно стручно образование под покровителство на МЦГО-Скопје, Член на Совет за образование на возрасни на Р. Македонија, наименуван од Влада на Р. Македонија, Член на Управен одор на МОБ (Македонска опера и балет), делегиран од Град Скопје, координатор на проекти од Град Скопје и министерство за култура: „Свеста за своето Валандово“, под покровителство на Министерството за култура, 2019 г. „Од педагогија до археологија“, под покровителство на Министерство за култура, 2018 г. „Прирачник за човековите права – Човековите права и јас“ 2019 г.-град Скопје и многу други.
Го зборува англискиот, а се служи со германскиот јазик.
Проф. д–р Татјана Стојаноска Иванова изведува настава и вежби по предметите:
На првиот циклус студии:
На вториот циклус студии:
-
1
Совремието и општествените девијации
-
2
Криминалот во современото општество
-
3
Превенција и сузбивање на девијантните појави во ЕУ
-
4
Моралот во современото македонско општество
-
5
Образование и општествена интеграција
-
6
Социјална патологија
-
7
Нови феномени и општествени проблеми
На третиот циклус студии:
-
1
Моралот, насилството и совремието
-
2
Општествените девијации и медиумите
Библиографија:
Монографии и книги:
„Родовиот концепт во руралните средини во Р.Македонија“, Скопје, СОЖМ, 2003г.
„Насилство, агресија и спорт“, Куманово, Флексограф, 2010 г.
„Борба против трговија со луѓе – денес таа утре можеби ти“, Скопје, Женска акција, 2011 г.
„Спортски БОН ТОН“, Скопје, ГИ ГЛОБАЛ, 2013 г.
„Мое Скопје, многу вери, наш соживот“, Скопје, Женска акција, 2014 г.
„Спортот и општеството“, Скопје, ГИ ГЛОБАЛ, 2015 г.
„Мајка Тереза-Светица, добродетелка, мисионерка“, АЛБ и Женска акција, Скопје, 2017 г.
„Заедно до побезбедни училишта“, Скопје: Женска акција, 2017 г.
„Како од НВО до социјално претпријатие“, Скопје: Женска акција, 2018 г.
„Насилство во училиште: социолошки, психолошки и педагошки перпсективи“, Скопје, Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, 2019 г.
„Човековите права и јас“, Скопје: Женска акција, 2019 г.
„Одржливо живеење – одговорен стил на живеење“, Скопје: Женска акција, 2020 г.
Позначајни трудови:
Stojanoska Ivanova, T. The values in the Educational System in the R. of Macedonia and the Regional Countries. Труд објавен во зборник на трудови од меѓународен научен собир “Skopje-Krakow Sociological Seminar Global-Local/Local-Global”, 37.014 (497.7)
Stojanoska Ivanova, T. Trafficking of women in the era of globalization. Труд објавен во зборник на трудови од меѓународен научен собир „Identity in the era of Globalization and Europeanization“, Скопје, Македонија
Stojanoska, Ivanova, T. School violence in the R.of Macedonia – actual situation. Труд објавен во зборник на трудови од меѓународен научен собир “Sociology and the challenges of the global age”
Стојаноска Иванова Т. Моралните предизвици на младите и општествените промени во 21от век. Годишен зборник на Филозофскиот факултет Скопје, 64, 123-133, (ISSN 0350-1892), Скопје: Филозофски факултет
Blazevska Stoilkovska, B., Shurbanovska, O., Fritzhand, A., Stojanoska Ivanova, T. (2018). Life Role Salience and Subjective Well-Being Among Macedonian Employees: Does Family-Supportive Organization Perception Moderate This Relationship. International Journal of Occupational Medicine and Environmental Health, 31, 3, 281-291
Tomevska Ilievska, E., Stojanoska Ivanova, T. (2019). Educational Models as Pedagogical Support of Safe Schools in Urban Environments. Security Dialogues, 10, 1-2, 125-139
Tomevska Ilievska, E., Stojanoska Ivanova, T. (2019). Media „Installation“ of Refugees in Public Space (Practices and Policies). Security Dialogues, 10, 1, 19-30
Стојаноска Иванова, Т. (2018). Моралните аспекти на јудаизмот, христијанството и исламот. Годишен зборник, 71, 259-264
Drakulovska Cukalevska, M., Dragovic, A., Stojanoska Ivanova, T. (2018). New Media and Changes in Communication Types. Зборник на трудови од Петта меѓународна научна конференција ”Општествените промени во глобалниот свет“, Штип, 6-7 септември, 2018, 991-998
Tomevska Ilievska, E., Stojanoska Ivanova, T., Aleksovska Velichkovska, L. (2018). The Concept of Interactive Models in University Teaching. Research in Physical Education, Sport and Health, 7, 1, 125-130
Стојаноска Иванова, Т. (2017). Улогата на семејството во превенирање на насилството за време на спортските манифестации. Годишен зборник, 70, 231-239
Anastasovski, I., Aleksovska Velichkovska, L., Stardelova, M., Zafirovska Misovski, A., Stojanoska Ivanova, T. (2017). Whether Family Relationships are a Significant Prerequisite for Deviant Behavior of Visitors (Fans or Supoorters) on the Sport Events. Proceedings of XX International Scientific Conference “FIS Communications 2017” in Physical Education, Sport and Recreation, 120-125
Stojanoska Ivanova, T., Anastasovski, I., Fritzhand, A., Damovska, L. (2016). Good Manners in Sport and Sports Culture – Prerequisite for Combating Sports Violence. The Sociological Review, 17, 2, 19-27
Anastasovski, I., Aleksovska Velichkovska, L., Zivkovic, V., Zafirovska Misovski, A., Nanev, L., Stojanoska Ivanova, T. (2016). Role of Traditional of Traditional Games and Sports in Social and Ethnical Inclusion, Integration and Cohesion in the Post-conflict and Transitional Societies among Children of Elementary Schools. Research in Physical Education, Sport and Health, 5, 2, 19-25
Стојаноска Иванова, Т., Анастасовски, И., Томевска Илиевска, Е. (2016). Интеркултурниот дијалог и спортот. Зборник на трудови од Прва меѓународна конференција ФИЛКО, Штип, 18-19, Март, 2016, 899-904
Стојаноска Иванова, Т. Општествените вредности – двигатели на позитивниот дискурс во спортот. Кондиција, 2,3 (57-60), УДК: 796:316.752. Факултет за физичка култура, спорт и здравје, Скопје, Македонија
Anastasovski, I., Stojanoska Ivanova, T. Sport as a Substitute for Diplomatic Activities. Research in Physical Education, Sport and Health. 2, 1 (79-82), Faculty of Physical Education, Sport and Health, Скопје, Македонија