СС402З/18: Семејството и насилното однесување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииIV3+26

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења за насилството во современото семејство, да можат да ги препознаат современите облици на насилство, да развијат интерес и способност за негово научно истражување, како и да стекнат сознанија за негово превенирање и сузбивање.

Содржина на предметната програма:

Определување и дефинирање на насилството. Основни теориски концепции за појавата и развојот на насилството (генетички теории за насилство, психолошки теории за насилсвто, социолошки теории за насилство). Потекло на насилството. Специфики на насилното однесување. Улогата на семејството во превенирање и сузбивање на насилното однесување. Форми и видови на насилство. Теории за ненасилство. Теории за ненасилно разрешување на конфликти. Семејно насилство – специфики и карактеристики. Семејното насилство и современото општество. Специфики на семејното насилство во Република Македонија. Образовно насилство. Специфики на насилството во образовните институции во Република Македонија. Спортско насилство. Карактеристики на насилството за време на спортските манифестации. Убиства и самоубиства. Трговија со луѓе. Функциите на современото семејство во превенирање на насилството.

Литература:

1. Стојаноска-Иванова, Т., Фрицханд, А., Како до побезбедни училишта, Женска акција, Скопје, 2017

2. Belančić, M., Nasilje, Medijska knjižara Krug, Beograd, 2004

3. Sen, A., Identitet i nasilje – iluzija sudbine, Poslovni dnevnik, Masmedija, Zagreb, 2007

4. Stojanović, J., Silovanje, NIO, Nikšić, 1988

5. Мурџева-Шкариќ, О., Ненасилна трансформација на конфликти, Филозофски факултет, Скопје, 2007

6. Belančić, M., Nasilje, Medijska knjižara Krug, Beograd, 2004