СС103З/18: Семејството и општествените девијации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Семејни студииI3+26

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со содржини кои се поврзани со општествените девијации и современото семејство. Содржините посебно ќе бидат насочени кон стекнување на знаења за современите општествените проблеми и феномени (развод на брак, хомосексуални семејства) како и социопатолошките проблеми (алкохолизам, зависност од дрога, хазардни игри, проституција, корупција) и улогата на семејството во објаснување, спречување и сузбивање на истите.

Содржина на предметната програма:

Поим за семејство и специфики на семејството низ историјата. Промените во семејството и современото семејство. Семејството, социјализација и семејни вредности. Семејството и воспитувањето на децата во склад со општествено прифатените норми. Семејството, разводот на брак и раздвојување на семејството. Алкохолизмот и односот на членовите на семејството кон конзумирање и толерирање на алкохол. Специфики на семејства со личност која е хроничен алкохоличар. Зависноста од дрога и семејството. Улогата на родителите во ресоцијализација на зависниците од дрога. Семејството и проституцијата како посебен социо-патолошки проблем. Семејството и неговиот однос кон новите форми на зависност (социјални мрежи). Хазардните игри и малолетните членови на семејството. Однос и став на родителите во однос на хазардните игри. Корупцијата и семејството. Социолошки аспекти и специфики на корупцијата. Семејството и хомосексуалната ориентација. Ставови на членовите на семејството за хомосексуалноста. Хомосексуални бракови и хомосексуални семејства. Градење на морални судови, вредности и норми во семејството кои ќе поттикнат сузбивање и намалување на општествените девијации.

Литература:

1. Špadijer-Džinić, J., Socijalna patologija, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1989

2. Сулејманов, З., Стојаноски, Н., Социјална патологија, Југореклам, Скопје, 2002

3. Гиденс, Е., Социологија, ЦИД, Подгорица, 2001

4. Џорџ, Р. П., Елштејн, Џ. Б., Значењето на бракот, Арс Ламина, Скопје, 2013

5. Стојаноска, Т., Стојаноски, Н., Чонева, Љ., Борба против трговија со луѓе, Женска акција, Скопје, 2011

6. Букелиħ, Ј., Дрога у школској клупи, Желнид, Београд, 1997