ДД507И/18: Стратегии за работа со семејства на лица со инвалидност
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Специјална едукација и рехабилитација | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зора Јачова, д–р Даниела Димитрова Радојичиќ, д–р Наташа Чичевска Јованова
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења застратегиите за работа со семејствата на децата со пречки во развојот и лицата со инвалидност.
Содржина на предметната програма:
Улогата на родителите, односно старателите во раната интервенција и едукација на децата со пречки во развојот; Интеракцијана родител-дете во контекст на секојдневните рутини; Психосоцијални специфичности на децата со пречки во развојот и лицата со инвалидност; Специфичности на семејствата со деца и лица со инвалидност; Форми и начини на спроведување на советодавна и инструктивна работа со семејствата на деца со пречки во развојот и лица со инвалидност; Квалитет на живот на лицата со инвалидност; Важноста за вклучувањето на родителите во едукативниот процес на децата со пречки во развојот; Ставовите на професионалците кон вклучувањето на родителите во едукацијата; Бариери за вклучување на родителите; Модел за вклучување на родителите.
Литература:
1. S. Grinspen, S. Vider, Dete s posebnim potrebama, Karupović d.o.o., Beograd, 2010
2. Garry Hornby, Parental Involvement in Childhood Education, Springer Science+Business Media, 2011
3. Х. Дејвис, Саветовање родитеља хронично оболеле или деце ометене у развоју, Институт за ментално здравље, Београд, 1995
4. Д. Димитрова Радојичиќ, Н. Чичевска Јованова, Квалитет на живот: лица со инвалидност и лица без инвалидност. Годишен зборник на Филозофски факултет, 69, 2016, 163-174.