%d0%bc%d0%b5%d1%93%d1%83%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82

Меѓународна мобилност


Мобилноста на наставниците и студентите при Филозофскиот факултет се одвива со поддршка на меѓународни програми за мобилност (ЕРАЗМУС+, ЦЕЕПУС), преку билатерални универзитетски договори, како и преку финансиска поддршка од Филозофскиот факултет. Мобилноста вклучува студиски престој на странски универзитет, учество во меѓународни научни настани (конференции, летни школи, конгреси и сл.), како и престои поврзани со научно-истражувачка работа. Придобивките од меѓународната мобилност се повеќекратни, како за факултетот во целина преку внесување нови трендови и пристапи во наставата и студиските програми, така и на индивидуално ниво за членовите на академската заедница (студенти и професори), преку проширување на мрежата на професионални контакти и соработници.

ЕРАЗМУС+

Мобилноста на наставниците и студентите преку програмата Ерзмус+ е од исклучително значење за интернационализација на наставата и научните дејности на факултетот. Заклучно со крајот на учебната 2019/20, Филозофскиот факултет има вкупно 101 активен Еразмус договор со универзитети од Европа. Појдовните и дојдовните мобилности на наставниците и студентите преку програмата Еразмус+ се зголемуваат секоја година. За одбележување е видливиот пораст на Еразмус+ дојдовни мобилности на Филозофскиот факултет, како од страна на професори од странство, така и од студенти кои студираат во странство, а кои се одлучуваат еден семестар од своето студирање да го поминат на Филозофскиот факултет.

Еразмус+ координатор:

Асс. м-р Ивана Гегоска

ivana.gegoska@fzf.ukim.edu.mk

Еразмус договори на Филозофскиот факултет

Конкурс Еразмус + за мобилност на студенти и професори

ЦЕЕПУС

Мобилноста и соработката на наставниците и студентите на сите три циклуси на студирање е овозможена и преку учеството во мултилатерaлната програма за универзитетска размена во Централна Европа – ЦЕЕПУС (CEEPUS – Central European Exchange Program for University Studies). Во рамки на ЦЕЕПУС програмата, Филозофскиот факултет е координатор на три и партнер во шест ЦЕЕПУС мрежи, и тоа:

  • Археопед (MK-0113-17-2324 ARHEOPED) при Институтот за историја на уметност и археологија (Филозофскиот факултет е координатор од 2023/24 година) (umbrella network) Контакт:  irenap@fzf.ukim.edu.mk
  • Заедничка историја на Централна Европа (SK-1315-06-2324 Shared History of Central Europe) при Институтот за историја Контакт: minov@fzf.ukim.edu.mk
  • Педагогија и андрагогија во Централна Европа (SI-0906-09-2324 Pedagogy and Andragogy in Central Europe – PACE) при Институтот за педагогија (umbrella network) Контакт: suzana@fzf.ukim.edu.mk
  • Филозофија и интердисциплинарност (HR-1107-08-2324 Philosophy and Interdisciplinarity) при Институтот за филозофија Контакт:  marija.todorovska@fzf.ukim.edu.mk
  • Биоетика (AT-0502-14-2324 Bioethics) при Институтот за филозофија Контакт: donevdejan@fzf.ukim.edu.mk
  • Медиумска етика (CZ-1601-03-2324) при Институтот за филозофија (umbrella network) Контакт: donevdejan@fzf.ukim.edu.mk
  • Централно европска мрежа за социјална работа и социјална политика (MK-1409-05-2324 Central European Social Policy and Social Work Network – CESPASWON) при Институтот за социјална работа и социјална политика. Контакт: gerovska@fzf.ukim.edu.mk
  • Зајакнување на социјалната димензија на образованието преку истражувања за развој на квалитетно образование за наставници (XK-1818-01-2324 Empowering social dimension of education through quality teacher education development research, SOCTED) при Институтот за педагогија. Контакт: natasa@fzf.ukim.edu.mk
  • Модерна Антика: Мрежа за класични студии (MK-1807-01-2324 Modern Antiquity: Network for Classical Studies) при Институтот за класични студии (umbrella network) Контакт: daniela.tosheva@fzf.ukim.edu.mk

Конкурс ЦЕЕПУС за мрежна мобилност

Конкурс ЦЕЕПУС за слободна мобилност

Придобивките од меѓународната мобилност на Филозофскиот факултет