- (02) 3066 232, лок. 132
- вторник, 14:00 – 16:00 четврток, 14:00 – 16:00
- sergej@fzf.ukim.edu.mk
- профил на ризницата на УКИМ
д–р Сергеј Цветковски
Проф. д-р Сергеј Цветковски е роден во Скопје, каде го завршил севкупното досегашно образование. Со средна стручна подготовка Математичар-информатичар (УСО Раде Јовчевски Корчагин), Цветковски во 1996/97 год. ќе запише додипломски студии на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет во Скопје кои ќе ги заврши во 2001 год. со што ќе стекне диплома Професор по одбрана. За време на вооружениот бунт во Р. Македонија во 2001 година, Цветковски е ангажиран како стручен соработник во Центарот за управување со кризи. Во периодот 2002 – 2004 година тој работи во АРМ на Р.Македонија. Цветковски ќе го продолжи своето образование со запишување магистерски студии на Филозофски факултет во декември 2003 година на насока Одбрана. Од 2004 година се вработува како помлад асистент на Институтот за одбрана. Во 2008 година се стекнува со називот магистер по одбрана и е избран за асистент на Институтот за одбранбени и мировни студии. Докторската дисертација на тема Механизми на кризниот менаџмент во Западен балкан: компаративна анализа ја одбранил во 2013 година на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет. Истата година е избран во звањето доцент, а во 2018 година е избран во звањето вонреден професор.
Од 2017 година Сергеј Цветковски е командант на Штабот за заштита и спасување на Филозофскиот факултет.
Тековно ја извршува функцијата раководител на втор циклус Стратегиски и одбранбени студии.
Активно учествувал на повеќе стручни семинари, конференции, работилници и практични вежби во земјата и странство.
Истражувачки интереси: заштита и спасување; НРХБ загрозување и заштита; кризен менаџмент; цивилна одбрана, цивилно воена соработка; воена вештина.
Проф. д–р Сергеј Цветковски изведува настава и вежби по предметите:
На првиот циклус студии:
-
3
[М504И/18; О506И/18; ПКБ601З/18 ] Цивилна заштита
На вториот циклус студии:
-
1
[М222И/19] Цивилно-воена соработка во мировните процеси
-
2
[О234И/19] Менаџирање на ресурси со одбраната
-
3
[БС112И/19] Цивилна заштита
-
4
[ФСО120И/19] Концепти на заштита и спасување
-
5
[I-БМ13-И] Компаративни безбедносни системи
Библиографија:
Монографии:
Реформи во одбраната, Министерство за одбрана, Скопје 2015, ISBN 978-9989-2851-5-8 (коавтор)
Позначајни научни и стручни трудови:
(2019) „Цивилно-воена координација во хуманитарните активности“, Годишен зборник: Книга 72. Скопје: Филозофски факултет.
(2018) Достигнувања и тенденции на техничко-технолошкиот развој во областа на воената технологија. Шеста меѓународна научна конференција „Науката – подршка на развојот во Југоисточна Европа“, Институт за дигитална форензика, Универзитет Евро-Балкан, Скопје.
(2018) Тековни состојби и перспективи на воениот фактор во светот. Шеста меѓународна научна конференција „Науката – подршка на развојот во Југоисточна Европа“, Институт за дигитална форензика, Универзитет Евро-Балкан, Скопје.
(2017) New Perspectives on Protection Against Possible Use of Biological Weapons. „The Balkans Between East and West: Old and/or new Security Challenges.“, University Ss. Cyril and Methodius, Faculty of Philosophy – Skopje, Institute for Security, Defence and Peace Studies and University of Belgrade, Faculty of security Studies. Ohrid, Macedonia.
(2017) „Development of the Civil Defence in Germany“, Contemporary Macedonian Defence, Ministry of Defence. Skopje, vol. XVII, No. 32.
(2016) „Осиромашен ураниум: радиолошка или токсиколошка опасност?!“ Годишен зборник: Книга 69. Скопје: Филозофски факултет.
(2015) „Еволуција на војната и вештината на војувањето“. Contemporary Security paradigms and Challenges: Theory and Practice, University Ss. Cyril and Methodius, Faculty of Philospohy – Skopje, Institute for Security, Defence and Peace Studies. Охрид, Македонија, 18-19 септември.
(2015) „Вистината за осиромашениот ураниум“, Годишен зборник: Книга 68. Скопје: Филозофски факултет.
(2015) „The Civil Defence of Russian Federation- The Role Model of Contemporary Functional Structure of Defence, Protection an Rescue System“ Contemporary Macedonian Defence, Ministry of Defence. Skopje, vol. XV, No. 28.
(2014) „Осиромашен ураниум: добивање, карактеристики и примена“. Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, Евро-Балкан, Скопје 30-31 октомври.
(2014). „Операции поинакви од војна“. Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, Evro-Balkan, Skopje 30-31 октомври.
(2014) „Трансформација на војната низ призма на асиметричноста“, Годишен зборник: Книга 67. Скопје: Филозофски факултет.
(2013) „The role of technology in change the face of war“. Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, Евро-Балкан, Скопје 20-21 декември.
(2013) „Transformation of U.S. Warfare“ Contemporary Macedonian Defence, Ministry of Defence.Skopje, vol. XIII, No. 25.