О601З/18: Цивилна одбрана

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVI4+26

Наставник: д–р Сергеј Цветковски

Цели на предметната програма:

Да им се овозможи на студентите преглед на базичните концепти и прашања за развој на системот за цивилна одбрана. Запознавање со нормативните и практични решенија со кои државите и меѓународните организации се справуваат со ризиците и заканите на национално и меѓународно ниво. Преку осознавање на историскиот развој и одердени системски решенија во цивилна одбрана, студентите треба да се оспособат да ги анализираат и да дискутираат за современите прашања на цивилната одбрана и можностите за развој на постоечкиот систем во насока на подобрување на неговата функционалност. Нивното знаење ќе биде основа на успешно изведување на нивни идни задачи во рамките на управните и извршни органи во државните системи за заштита и спасување, за менаџирање на кризи и цивилно воената соработка. Предметната програма го нагласува значењето на планираните и кординирани одговори на национално ниво во мир, вонредни околности и во војна и потребата за изградба на ефективен современ систем за цивилна одбрана.

Содржина на предметната програма:

1. Местото на цивилната одбрана во современите системи на национална безбедност: теоретски основи и дефинирање на цивилната одбрана; историски и глобални аспекти на цивилната одбрана; современи тенденции во развојот на цивилната одбрана; цивилната одбрана и заштитната функција.

2. Современи аспекти на цивилната одбрана: цели, насоки, задачи и начела во структурирањето на цивилната одбрана; современи политики на одбраната и цивилната одбрана.

3. Развој на концептот за цивилна одбрана: општ пристап во изградбата на системот за цивилна одбрана; начелна структура на системот за ЦО; организација и систематизација на системите за ЦО; технички вредности на цивилната одбрана во однос на видовите загрозување; политички објаснувања за целите на ЦО (хуманитарно осигурување, одвраќање, контролирање на кризата и опстанок на државата).

4. Меѓународно правен статус на ЦО: МОЦО и Женевски конвенции и дополнителни протоколи; третманот на ЦО во ООН, НАТО и Европската унија.

5. Компаративен приказ на системите на цивилна одбрана на одделни држави (во земји членки на НАТО, неутрални држави и поранешни социјалистички држави).

6. Современи детерминанти на цивилната одбрана во Р. Македонија: поставеност на цивилната одбрана во Р. Македонија (организација и функција сектор за цивилно-воена соработка, систем за заштита и спасување и систем за управување со кризи); идни правци во развојот на системот за цивилна одбрана во Р. Македонија.

Литература:

1. Марина Митревска, Цивилна одбрана, Филозофски факултет, Скопје, 2010

2. Женевски конвенции од 12 август 1949 и дополнителни протоколи од 1977, Црвен крст на Република Македонија, 2014

3. Сергеј Цветковски, Цивилна одбрана (скрипта), 2017