ПКБ601З/18: Цивилна заштита

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Приватна и корпоративна безбедностVI3+27,5

Наставник: д–р Сергеј Цветковски

Цели на предметната програма:

Стекнување на основни знаења за улогата на системот за Цивилна заштита (заштита и спасување) во рамките на поширокиот безбедносно-одбранбен систем. Студентите ќе се запознаат со теоретските поставки за работа во пракса на задачите за заштита и спасување на луѓе и материјални добра во структурите на системот за цивилна одбрана и организациите чија редовна активност е заштита и спасување во мир и вонредни ситуации. Разбирањето на планирачкиот процес ќе им биде солидна основа за евентуална понатамошна изработка на проценки на загрозеност и планови за заштита и спасување. Материјалот кој ќе им биде презентиран ќе им го збогати општото и посебното сознание за опасностите кои ги загрозуваат секојдневно како и активностите кои ќе треба да ги преземат ако дојде до такви опасности. Ќе ги научат основните постапки и мерки кои се поврзани со превенцијата, оперативното и санационо делување во функција на организационо менаџирање на ризици и опасности. Материјалот исто така може да поттикне дел од нив за подлабоко и посестрано истажување на овој проблем. Тие ќе можат да ги интерпретираат легалните и техничките нормативи поврзани со менаџментот на ризици и итни состојби. По апсолвирањето на предметна содржина, студентите треба да се способни за координирање со ресурсите на цивилна заштита во пракса и теоретски да поседуваат аналитичка способност за визионирање на понатамошниот развој, доградба и дејствување на цивилната заштита согласно новите безбедносни предизвици. Од нив ќе се очекува да изнесат одредени сугестии предлози и мислења со кои би се дополниле и актуелизирале тековните решенија и ставови во оваа проблематика.

Содржина на предметната програма:

1. Концепт на Цивилна заштита: Поим, предмет и метод на изучување на цивилната заштита (Активности на луѓето за заштита и спасување низ историјата; Општествена условеност на настанувањето на цивилната заштита; Развој на цивилната заштита во светот и кај нас; Меѓународно-правен третман на цивилната заштита).

2. Вонредни ситуации и последиците кои тие ги предизвикуваат врз луѓето и материјалните добра: Видови и степен на загрозување со борбени дејства; Нуклеарно, хемиско и биолошко загрозување и последици; Видови и степен на загрозување од елементарни непогоди и други катастрофи (карактеристики на земјотрес, поплава, ветер, пожар, технички катастрофи и елементи за процена за потребите на заштитата и спасувањето).

4. Лична и взаемна заштита: засолнување на население и материјални добра; противпожарна заштита; спасување од рушевини и поплави; згрижување на загрозени и настрадани; прва медицинска помош; РХБ заштита.

5. Мерки за заштита и спасување: Засолнување, засолништа и складишни објекти; Евакуација; Заштита и спасување од пожари (противпожарни мерки, методи и постапки, средства и опрема); Прва медицинска помош; Ветеринарна помош; Згрижување на загрозено и настрадано население; Спасување од рушевини; Заштита и спасување од неексплодирани убојни средства; Асанација на теренот и објектите; Урбанистички мерки за заштита.

6. Планирање и подготвување на заштитата и спасувањето: Процена на загрозеност и план за заштита и спасување (Изработка на процена на загрозеност и план за заштита и спасување); Координација во кризна состојба; План за координација во итни состојби.

7. Улогата на општеството и организациите од особено значење за заштитата и спасувањето (хуманитарни организации, мировни движења, еколошки движења и сојузи).

8. Заштитата и спасувањето во системот на национална безбедност на Р. Македонија: Правни аспекти на организирање заштита и спасување (Закон за заштита и спасување на Р. Македонија, Закон за управување со кризи); Дирекција за заштита и спасување; Центар за управување со кризи.

9. Цивилната заштита како потсистем на системот за Цивилна одбрана..

Литература:

1. Закон за заштита и спасување, Законодавно-правна комисија на Собранието на Република Македонија, 2012

2. Ratko Stojanović, Zaštita i spasavanje ljudi i materijalnih dobara u vanrednim situacijama, Vojno-izdavački zavod, Beograd, 1984

3. Женевски конвенции од 12 август 1949 и дополнителни протоколи од 1977, Црвен крст на Република Македонија

4. Жан-Мари Хенкерц, Студија на oбичајното меѓународно хуманитарно право, МКЦК, 2002

5. Steven Fink, Crisis Management – Planing for the inevitable, iUniverse, 2002

6. Сергеј Цветковски, Цивилна одбрана, скрипта, 2015