д–р Ванчо Кенков

Редовен професор

Професор д-р Ванчо Кенков е роден на 25.12.1954. година во Ташкен, УЗССР (СССР). Основно и средно образование (гимназија) завршил во Скопје. Дипломирал на Воената Академија во Белград 1978. година, а во 1990. година на Командоштабната Академија успешно ги положил сите испити предвидени за чин мајор. До 1993. година работи како активно воено лице.

Во учебната 1993/1994. година се запишал на постдипломски студии на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1995 е вработен на Институтот за одбрана како предавач по предметите одбрана и заштита и групата на военостручни предмети: Oснови на воената вештина, Воено-стручна настава и Современи борбени средства. Магистерскиот труд со наслов „Локалната самоуправа во одбранбениот систем на Република Македонија“, го одбранил во 2000. година на Институтот за одбрана и се здобил со академски степен магистер по одбрана.

Докторската дисертација со наслов „Искустава, развој и перспективи на воената организација и воената вештина“ ја одбранил во 2005.година и се здобил со академска титула доктор по одбранбени и мировни науки. Истата година е избран во звање доцент, а во 2010. година е избран во научно-наставно звање вонреден професор за научните области: Воени доктрини, Основи на воената вештина, Современи вооружени системи, Контрола на вооружување и разоружување и Дефендологија. Во 2015 година е избран во редовен професор во истите научни области.

Професор д-р Ванчо Кенков учествувал на повеќе меѓународни научни конференции, симпозиуми и семинари и е автор на повеќе трудови од областа на безбедноста, одбраната и мирот.

Во текот на работниот ангажман учествувал во работата на повеќе комисии на Филозофскиот факултет и во извршување на други работни задачи на факултетот и на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Од 2014. година е раководител на Вториот циклус стратегиски и одбранбени студии при Институтот за безбедност одбрана и мир, а од 2018 година е Раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир.

Учесник е на бројни меѓународни научни конференции, симпозиуми и семинари, школи во земјава и странство. Ги зборува рускиот, делумно англискиот и грчкиот јазик.

Истражувачки интереси: воени доктрини, воена вештина, современи вооружени системи, контрола на вооружување и разоружување и други слични области.

Проф. д–р Ванчо Кенков изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [БС102З; Б104З] Менаџмент во безбедноста

  • 2

    [БС315И; БС224И] Терористичка тактика

  • 3

    [БС 212И; БС 229И] Разузнавачко безбедносни заедници на современите држави

  • 4

    [БС 202З; Б212И] Национална безбедносна стратегија

  • 5

    [ИМПР 301З; МР 231И] Меѓународни конфликти и современо вооружување



Библиографија

Possibility for effective protection against biological weapons, Годишен Зборник книга 72, Филозофски факултет, 2019, Скопје.

New perspectives on protection against posibile use of biological weapons, Security dialogues, Faculty of Philosophy –Skopje, Vol.8, No. 1-2. (2017) (EBSCO).

Реформи во одбраната, Министерство за одбрана, Република Македонија, Скопје, 2015.

Macedonia and the Balkans, a hundred years after the World War 1 – security and Euro-Atlantic integrations, Универзитет Климент Охридски, „EU police missions in the process of stabilization and integration of Western Balkans“ Охрид,

Concept and priorities of cyber defence, списание “Современа македонска одбрана”, Министерство за одбрана, 2014, Скопје,

EU Police missions in process of stabilization and integration of Western Balkans“, Универзитет Климент Охридски- Скопје, декември 2014 год

Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, „Осиромашен ураниум: добивање, карактеристики, и примена“, Универзитет Евро-Балкан – Скопје, ноември 2014 год.

„Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, „Операции поинакви од војна – облик на загрозување на безбедноста на малите земји“, Универзитет Евро-Балкан – Скопје, ноември 2014 год.

Organization and functioning of the security sector of the Republic of Macedonija in contemporary conditions, Бања Лука, октомври 2014.

Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија, „The role of tehnlogy in shange the face of waр“, Универзитет Евро-Балкан – Скопје, декември 2013 год.

Промени во војувањето на САД, „Современа македонска одбрана#, Министерство за одбрана, Скопје, година XIII, број 25, декември, 2013, стр.

Безбедноста на информациите и информациските системи како предизвик, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, книга 5, 2013.

Глобализацијата во функција на зачувување на мирот и безбедноста и превенција на коонфликтите, Славјански Универзитет, Свети Николе април 2013.

Предизвици и резултати од глобализацијата, МИТ Универзитет – Скопје, 09.06. 2012, Македонски брод, 2012

Информациска безбеност-компонента на националната безбедност во Руската Федерација, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, книга 54, 2011, стр. 349-363.

Основи на воената вештина со тактика на чета, Филозофски факултет, Скопје, 2011

Балканот – Безбедносен предизвик за Европа и меѓународната заедница, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, Скопје, 2010.

Современи вооружени системи, Филозофски факултет, Скопје, 2010  

Информациска безбедност во САД, Безбедносни дијалози, Филозофски факултет, Скопје, бр 2, година 1, 2010, стр. 167-175.

Информатичка војна, Безбедносни дијалози, Филозофски факултет, Скопје, бр 1, година 1, 2010, стр. 73-80