Б707И/18: Криминалистичка техника

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирVII3+16

Наставник: д-р Ванчо Кенков

Цели на предметната програма:

Стекнување на потребни знаења за криминалистичка регистрација и идентификација на осомничени лица. Демонстрирање на способност за истрага на место на настанот и детекција, обезбедување и толкување на материјалните траги и докази. Покажување знаење и разбирање во насока на примена на современи методи при трасеолошките експертизи и вештачења.

Содржина на предметната програма:

Поим и предмет на криминалистичката техника, современи методи на криминалистичката техника, криминалистичка регистрација и идентификација на осомничени лица и неидентификувани мртви тела, основи на истрага на местото на настанот и реконструкција, поим за траги и поделба на трагите според природата, потеклото и големината, детекција и обезбедување на материјалните траги и докази, фиксирање на местото на настанот со скицирање, видео и фотографирање, трасолошки анализи и вештачења на материјалните траги.

Литература:

1. Ричард Сеиферстин, Криминалистика – Вовед во форензика, Скопје: Табернакул, 2010

2. Радојица Максимовић, Криминалистика техника, Београд: Полицијска академија, 2000