д–р Зоран Нацев

Редовен професор

Проф. д–р Зоран Нацев е роден 1957 година. Дипломирал на Институтот за одбрана на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил стручен соработник за обука на Министерството за одбрана. Последипломските студии ги завршил во Белград, а магистерскиот труд „Оспособување на професионалните стручни кадри за потребите на одбраната“ го одбранил на Филозофскиот факултет во Скопје (1990), каде ја одбранил и докторската дисертација (1994), „Оспособување за одбрана и заштита во Република Македонија“. Доцент (1994-1999), вонреден професор (1999-2004), и редовен професор (од 2004).

Учесник е на бројни конференции, научни семинари и школи во земјава и странство. Како главен истражувач и соработник има учествувано во повеќе научно-истражувачки проекти, а како експерт и во изработка на првиот Закон за одбрана, Стратегија за одбрана на РМ и во преструктурирањето на системот за одбрана и на АРМ според стандарди на НАТО.

Во текот на својата работна кариера бил раководител на додипломските и последипломските студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир.

Проф. д–р Зоран Нацев изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    Одбранбена политика и стратегија

  • 2

    Управување со одбраната

  • 3

    Национална безбедносна стратегија

  • 4

    Безбедноста и корпоративно управување

  • 5

    Глобализацијата и конфликтите

На третиот циклус студии:
  • 1

    Креирање на одбранбени стратегии

  • 2

    Глобализациските процеси и мирот



Библиографија

Зоран Нацев, Игор Ѓорески, Горан Зенделовски и Талат Џафери Стратегиските концепти на НАТО и Република Македонија, КА ЕЛ ЕС –Принт, Скопје, 2016.

Зоран Нацев и Горан Зенделовски, Глобализација, мирот и безбедноста, Филозофски факултет, Скопје, 2014.

Зоран Нацев и Игор Ѓорески, Управување со системот за одбрана на РМ, Филозофски Факултет, Скопје, 2013.

Зоран Нацев и Тони Петрески, Стратегиски проекции на РМ во надворешната и безбедносната политика, Европа 92 – Кочани, 2013.

Зоран Нацев и Димче Петровски АРМ кон НАТО, Филозофски Факултет, Скопје,2009.

Трајан Гоцевски, Митко Котовчевски, Зоран Нацев и Ратко Начевски, Дефендологија, Македонска Ризница, Куманово, 2002.

Зоран Нацев и Ратко Начевски, Безбедност и националната одбрана, Македонска Ризница, Куманово, 2001.

Зоран Нацев и Ратко Начевски Војна, мир и безбедност, Македонска Ризница, Куманово, 2000.

Зоран Нацев, Доктрини и стратегија, Ѓурѓа,1998, Скопје.

Зоран Нацев, Едукативни проекции во одбраната, Ѓурѓа,1995, Скопје.