О5013/18: Систем за национална одбрана

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Безбедност, одбрана и мирV4+26

Наставник: д-р Зоран Нацев

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни знаења за основите на системот за одбрана на Р. Македонија и да развијат способности за реализација на систем и на неговите сегменти во практика.

Содржина на предметната програма:

Теорија на системот како основа за формирање на системот за одбрана на Р. Македонија. Операционализација на концепциските и стратегиските определби на одбраната во системски решенија. Структурата на одбранбено-заштитниот систем на Р. Македонија. Решенијата, достигнувањата и развојните аспекти на елементите од системот на одбрана. Националните и интегративните обележја на системот. Улогата на Собранието на Р. Македонија, Претседателот, Владата, Министерството за одбрана, АРМ, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и други државни институции во остварувањето на одбраната во мир, вонредни околности и во војна.

Литература:

1. Трајан Гоцевски, Основи на системот на националната одбрана, Филозофски факултет, 2006

2. Зоран Нацев, Систем на национална одбрана, во подготовка

3. Долгорочен план за развој на одбраната 20112020, Министерство за одбрана на РМ, 2011

4. Бела книга на одбраната, Министерство за одбрана на РМ

5. Стојан Кузев, Збирка на документи од областа на безбедноста и одбраната, Југореклам, 2002