Институт за историја

д–р Христо Меловски

Професорот Христо Меловски е роден на 23 август 1932 година во Лерин, Беломорска Македонија. Граѓанската војна го одведува неговото семејство во Нови Сад, каде дипломира на тамошниот Филозофски факултет. Во (1968) станува асистент при Катедрата за историја на Филозофски факултет во Скопје. Во (1975) на Универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале (ГРД) одбранува докторска теза по што е избран за доцент по предметот Историја на народите на Југославија – Среден век. Подоцна го стекнува звањето вонреден професор по истиот предмет. Во последно време, согласно неговиот наставен план, го предаваше предметот Историја на балканските народи – Среден век. По заминувањето на академикот Стјепан Антолјак, го предава и предметот Помошни историски науки. Воедно активно беше вклучен и во наставно-образовниот процес на последипломските студии од областа на историјата на македонскиот народ – Среден век.. Беше одличен предавач на грчкиот и германскиот јазик. Зад себе остави вредни остварувања од областа на македонската медиевалистика, меѓу кои најдрагоцена е ннеговата докторска дисертација. Беше раковоодител на ННСГ за историја и раководител на последипломските студии. Воедно беше и продекан на Филозофскиот факултет во Скопје. Секогаш пристапен, енергичен и дисциплиниран. Докрај стоечки остана со своите студенти, и покрај неумоливата болест, целосно реализирајќи ја наставата. Почина 1996 година.