Институт за историја

д–р Христо Андонов-Полјански

Професор д-р Христо Андонов — Полјански е роден на 21. 09. 1927 година во Дојран. Основно училиште, гимназија и филозофски факултет — Група за историја завршил во Скопје. Неговиот професионален и животен пат е неодвоив од растежот на Филозофскиот факултет. Toj бил меѓу првите дипломирани студенти на Филозофскиот факултет и целиот работен век го поминл токму таму. Факултетот. го претвори во работен дом и брзо стана пример за самопрегорен и истраен научник и педагог кој со својот голем ентузијазам и трудољубивост и нагласена смисла за организација ги инспирирал студентите, наставно-научните млади работници и другите свои колеги да истрајат во макотрпната научнонистражувачка и наставно-воспитна дејност. Професор д-р Христо Андонов — Полјански покажал дека нема расчистени патеки до највисоките дострели и врвови на науката и дека само најтрудољубивите и најупорните се искачуваат на нив. Таквиот негов научен и педагошки самопрегор и трудољубивост во проучувањето и ширењето на марксистичката теорија и методологија на историската наука низа генерации на студенти ги поттикнувал да ja запознаваат, но и да ja сакаат историјата на македонскиот народ. На тој начин неговите резултати и неговите највисоки научни и општествени признанија меѓу кои од посебно значење се наградите: „Годе Делчев“, „11 Октомври“ и „ABHOJ“, истовремено претставуваат резултати и признанија на Филозофскиот факултет и обратно: постигнатите резултати и општествени признанија на најстариот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ тој ги чувствувал како свои. Неговиот богат и грандиозен научен онус, 460 библиографски едиции, меѓу кои околу четириесет книги и брошури, обично го создава една цела институција. Toj го создал сам. Ова него го става во челниот ред на македоноката и југословеноката наука. Придонесот на проф. д-р Христо Андонов — Полјански е мошне голем и во развојот на самоуправувањето на Факултетот и на Универзитетот. Бил голем застапник и борец за развој на студентското самоуправување, покажувајќи во практиката дека студентите се активен субјект во наставно-научниот и самоуправниот процес на Факултетот. Проф. д-р Христо Андонов — Полјански се одликувал со непосредно другарско и хумано однесување. Toj со секого настојувал да се ракува, да се интересира за неговите проблеми и настојчиво се ангажирал во нивното решавање. Toj не признавал хиерархиска поделеност меѓу луѓето и кон секого се однесувал пријателски, другарски. Во неговото однесување првенствено тргнувал од научно-педагошките и класно-работничките интереси што ги согледувал во нивната дијалектичка поврзаност.