Институт за историја

д–р Наде Проева

Проф. д-р Наде Проева – доктор по историски науки, редовен професор на Институтот за историја. Роден во Ресен (1947), каде завршила основно образование и гимазија. Студирала на филозофски факултет во Белград каде дипломирала (1973) археологија, магистрирала (1978) и докторирала историја (1992). Била на специјализација во сорбона (Paris I, 1979-1981), за што добила диплома за продлабочени студии (митологија, епиграфика и нумизматика). Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), француски институт во во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др. Работела како кустос во Народниот музеј во Прилеп (1973-1975), од 1984 година е вработена на Институтот за историја на Филозофски факултет каде предава Историја на античките Македонци и историја на стариот век (староисточни народ, антички Грци и Римјани). Учествувала во ископуањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академина на науките. Како визитинг професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките Македонци. Учествуввала во бројни радио и Тв емисии за популаризација на историската наука, како и за промоција на објавените книги од двете едиции чии уредник е: Miscellanea Byzantino-macedoniaca и Historia Antiqua Macedonica (при што за сите напишала предговор, забелешки, индекси, изработила карти), како и на книгата Natural and cultural monuments, Skopje, 2000, подготвена за Expo 2000 во Хановер. За успешната соработка и за унапредување на културните врски меѓу Македонија и Франција, од Владата на Франција во 1997 година добила орден Chevalier de palmes academiques. Вкупно има објавено статии, прикази, уреднички текстови, стручни написи во печатот, интервјуа, статии превод, книги превод, натписи за едицијата Inscriptiones Graecae X, 2.