Институт за историја

д–р Кочо Сидовски

Професорот Кочо Сидовски е роден во Битола 1947 година. Завршил студии 1969 година на Групата за историја на Филозофски факултет во Скопје. Магистрирал (1976) на Филозофскиот факултет во Скопје на тема: „Италијанската политика спрема Македонија од Обединувањето на Италија до Илинденскот востание (1870-1903)“. Докторирал (1988) на Филозофскиот факултет во Скопје на тема: Италијанската политика кон Македонија од Илинденското востание до Првата светска војна (1903-1914)“. Во 1976 година бил на студиски престој во Рим, каде истражувал во Историскиот архив на Министерството за надворешни работи на Италија. Во 1978 година бил избран за предавач по предметот Историја на работничкото движење. За доцент по предметот Историја на новиот век бил избран во 1988 година, за вонреден професор во 1993 година и за редовен професор во 1999 година. Се занимавал особено со проблематиката на однносите на Италија со Македонија во рамките на Османлиската империја во втората половина на 19 век па се до нејзиното протерување на Балканот во 1912 година. Покрај ова се занимава и со проучување на историјата на Битола и Битолско, за што има објавено повеќе статии. Автор е на повеќе научни прилози и на две монографии. Учестувал на повеќе симпозиуми. Бил претседател на Влашккото научно друштво „Константин Белемаче“, а бил уредник и член на издавачкиот совет на списанието „Документи“. Почина јуни 2013 година.