Институт за психологија

д–р Михајло Поповски

Редовен професор

Проф. д–р Михајло Поповски е роден во Битола, а основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал психологија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1979 година. Постдипломски студии од областа на социјалната психологија ги завршил во 1993 година со одбрана на магистерскиот труд „Мотивациската пристрасност во припишувањето на одговорноста за несреќни настани“, а во 2000 година ја одбранил докторската дисертација со наслов „Персоналните корелати на просоцијалното однесување“ на Филозофскиот факултет во Скопје.

Покрај наставната дејност што ја извршува на Институтот за психологија и на други институти на Филозофскиот факултет во Скопје, како избран професор од научната област социјална психологија, во делогругот на неговото стручно дејствување спаѓаат и многубројни експертски активности поврзани со: осмислување и реализирање на низа семинари, работилници и предавања; надгледување и евалуација на различни едукативни програми и проекти; изработка на програми за потребите на одредени државни институции и давање стручни совети од областа.

Во два мандата бил раководител на Институтот за психологија – од 2001 до 2009 година, а во периодот од 2012 до 2016 година бил член на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал во работата на повеќе комисии на Филозофскиот факултет, како раководител или член, формирани за следење, евалуација и унапредување на тековните наставни активности. Раководел и со Комисијата на Институтот за психологија за издавање на првото научно-стручно списание од областа на психологијата во Република Македонија – „Психологија: наука и практика“ и бил прв главен и одговорен уредник на списанието од 2015 до 2018 година.

Вo фокусот на неговото научно интересирање се наоѓаат повеќе социјално-психолошки феномени: ставови, вредности, етнички стереотпии, атрибуции, просоцијално однесување, конфликти и посттрауматски стрес. Резултатите од истражувањата на овие феномени ги има изложено во повеќе трудови, изготвени самостојно или во коавторство и соопштени во научни списанија и зборници од домашни и од меѓународни научно-стручни собири. Има учествувано во повеќе домашни и меѓународни проекти, меѓу кои како позначајни се издвојуваат:

– (2006 – ) European Value Survey. Координатор и носител на проектот: Work & Organization Research Centre, Faculty of Social Sciences, Tilburg University;

– (2013 – 2015) Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа. Министерство за култура на Република Македонија;

– (2010 – 2012) Испитување европски вредности во Република Македонија. Министерство за образование и наука на Република Македонија;

– (2006 – 2009) Improvement and Restructuring of the Psychology Curriculum according to the Bologna Declaration. Темпус проект (JEP_41071_2006);

– (2004 – 2008) CONNECT – Components, organization, costs and outcomes of health care and community based interventions for people with posttraumatic stress following war and conflict in the Balkans. Проект на Европската комисија (INCO-CT-2004-509175);

– (1996 – 1998) Knowledge and opinion about the rule of law among citizens of Serbia and Macedonia. Проект поддржан од Research Support Scheme of the OSI/HESP;

– (1994 – 1998) Проект за разрешување на етничките конфликти. Филозофски факултет – Скопје.

Проф. д–р Михајло Поповски изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [ПС131З/18] Социјална психологија

  • 2

    [ПС208И/18] Психологија на групите

  • 3

    [ПС209/18] Социјална когниција

  • 4

    [ФПС201И] Применета социјална психологијаа

На третиот циклус студии:
  • 1

    [ПС107И] Социјална психологија

  • 2

    [ПС210И] Психологија на ставовите


Избор на објавени трудови

Поповски, М. (2018). Кога попуштаме и зошто ги прифаќаме барањата на другите луѓе. Психологија: наука и практика, Скопје, 2 (4), 7-27.

Petkovska A., Popovski, M., Minoski, K., and Dimitrovska, M. (2017). Value orientations and attitudes of the students in the Republic of Macedonia. Security Dialogues, 8 (1), 21-37.

Popovski, М., Nedelkova, D., and Leshoska, V. (2016.). The implicit and explicit attitudes toward persons with disabilities among students who are educating for different professions. Anthropos 3-4, 91-108.

Наумова, К. и Поповски, М. (2015). Анксиозност поврзана со смртта кај млади возрасни: полови разлики и емоционални корелати. Психологија: наука и практика, Скопје, 1(2), 7-26.

 Поповски, М. и Наумова, К. (2015). Стигматизацијата на лица со нарушено ментално здравје и контактите со нив кај студенти со различна професионална ориентација. Психологија: наука и практика, Скопје, 1 (1), 27-45.

Petkovska A., Popovski, M., and Minoski, K. (2014). Social distance of the citizens of the Republic of Macedonia toward Jews. Security Dialogues, 5 (2), 83-97.

Поповски, М. и Неделкова, Д. (2013). Родови разлики во доживувањето, изразувањето и во мотивите за регулирање на емоциите кај адолесценти. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 66, 115-134.

Popovski, M. Petkovska, A. Minoski, K. and Jovanovski, A. (2013). Certain characteristics of the religious beliefs and practices of the citizens of the Republic of Macedonia. Социолошка ревија, 2, XIII, 7-25.

Priebe, S., Gavrilovic, J., Bremner, S., Ajdukovic, D., Franciskovic, T., Neri, G., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, N., Popovski, M., Schützwohl, M., Bogic, M., and Matanov, A. (2013). Course of post-traumatic stress disorder following war in the Balkans: 1-year follow-up study. Psychological Medicine, 43, 1837-1847.

Matanov, A., Giacco D., Bogic M., Ajdukovic. D., Franciskovic, T., Galeazzi G.M., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, N., Popovski, M., Schützwohl M., Priebe, S. (2013) . Subjective quality of life in war-affected populations. BMC Public Health, 13:624.

Morina, N., Ajdukovic. D., Bogic, M., Franciskovic, T., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, L., Popovski, M., and Priebe, S. (2013). Co-occurrence of major depressive episode and posttraumatic stress disorder among survivors of war: How is it different from either condition alone? Journal of Clinical Psychiatry, 74 (3):e212-e218.

Priebe S., Jankovic Gavrilovic J., Bremner S., Ajdukovic D., Franciskovic T., Galeazzi G.M., Kucukalic A., Lecic-Tosevski D., Morina N., Popovski M., Schützwohl M., and Bogic M. (2013). Psychological symptoms as long-term consequences of war experiences. Psychopathology, 46, 45–54.

Petkovska, A. Minoski, K. Popovski, M. and Jovanovski, A. (2012). Some aspects of the trust among Macedonian citizens related to security and safety issues. Book of articles of international scientific conference: Security and euroatlantic perspectives of the Balkans – Police science and police profession (states and perspectives), Skopje, Vol. I, 458-466.

Bogic, M., Ajdukovic. D., Bremner, S., Franciskovic, T., Galeazzi, G. M., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, N., Popovski, M., Schützwohl, M., Wang, D. and Priebe, S. (2012).

Factors associated with mental disorders in long-settled war refugees: refugees from the former Yugoslavia in Germany, Italy and the UK. The British Journal of Psychiatry, 200, 216-223.

Поповски, М. (2011). Теорија на атрибуцијата и нејзина примена. Скопје: Филозофски Факултет.

Поповски, М. (2010). Конформирање: кога и зошто се појавува. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 63, 179-200.

Поповски, М. (2010). Барање помош и реакции на добиената помош. Социолошка ревија, IX – X, 77-90.

Поповски, М., Петковска, А. и Јовановски, А. (2010). Довербата кај граѓаните на Република Македонија. Хоризонти, VI, 6, 285-295.

Петковска, А., Поповски, М. и Јовановски, А. (2010). Сондирање европски вредности во Република Македонија. Социолошка ревија, IX – X, 225-259.

Priebe, S., Bogic, M., Ajdukovic, D., Franciskovic, T., Galeazzi, G. M., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, N., Popovski, M., Wang, D. and Schützwohl, M. (2010). Mental disorders following war in the Balkans – A study in 5 countries. Archives of General Psychiatry, 67 (5), 518-528.

Morina, N., Boehme, H. F., Ajdukovic, D., Bogic,M., Franciskovic, T., Galeazzi, G. M., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Popovski, M., Schützwohl, M., Stangier, U., and Priebe, S. (2010). The structure of post-traumatic stress symptoms in survivors of war: Confirmatory factor analyses of the Impact of Event Scale—Revised. Journal of Anxiety Disorders, 24, 606-611.

Priebe, S., Bogic, M., Ashcroft, R., Franciskovic, T., Galeazzi, G. M., Kucukalic, A., Lecic-Tosevski, D., Morina, N., Popovski, M., Roughton, M., Schützwohl, M., and Ajdukovic, D. (2010). Experience of human rights violations and subsequent mental disorders – A study following the war in the Balkans. Social Science & Medicine, 71 (12), 2170-2177.

Поповски, М. (2009). Односот меѓу припишувањето на каузалноста и припишувањето на одговорноста. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 62, 131-142.

Поповски, М. и Наумова, К. (2009). Стигматизација на лица болни од шизофренија и на зависници од дрога и алкохол. Ревија за социјална политика, 3, 231-244.

Поповски, М. и Наумова, К. (2008). Долготраен посттрауматски стрес и квалитет на живот кај внатрешно раселени лица во Македонија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 61, 129-146.

Popovski, M. and Naumova, K. (2008). Trauma and posttraumatic stress in war IDPs in Macedonia. Psihijatrija danas, 40,1, 15-29.

Поповски, М., Трајковски, И., Даниловиќ, И. и Шкријељ, С. (2006). Ставовите на студентите на Филозофскиот факултет за правното гарантирање на човековите права, општествените институции и евроинтеграцијата. Социолошка ревија, 1-2, 37-48.

Поповски, М. (2006). Институт за психологија. Монографија: Филозофски факултет во Скопје: 1920-1946-2006. Скопје: Филозофски факултет.

Поповски, М. (2005). Просоцијално однесување. Скопје: Филозофски факултет.

Поповски, М., Мицковска, А. и Симоновска, М. (2005). Играњето видеоигри и агресивното однесување кај седмоодделенците. Образовни рефлексии, 1, 18-26.

Поповски, М. (2005). Примена на теоријата на атрибуцијата Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 58, 101-116.

Поповски, М. (2004). Когнитивните детерминанти на просоцијалното однесување. Зборник: 30 години Институт за психологија. Филозофски факултет, Скопје, 227-246.

Поповски, М. (2004). Атрибуциски грешки и пристрасности. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 57, 117-133.

Поповски, М. (2004). Социобиолошкиот пристап во проучувањето на алтруизмот. Социолошка ревија, 1-2, 87-95.

Priebe, S., Jankovic-Gavrilovic, J., Schützwohl, M., Galeazzi, G. M., Lecic-Tosevski, D., Ajdukovic, D., Franciskovic, T., Kucukalic, A. and Popovski, M. (2004). Study of long-term clinical and social outcomes after war experiences in ex-Yugoslavia – Methods of the ’CONNECT’ project. Psychiatry Today, 36, 111-122.

Поповски, М. (1999). Ефектите на социјализациските искуства и особеностите на ситуациите врз просоцијалното однесување. Зборник: 25 години Институт за психологија, Скопје: Филозофски факултет, 116-131.

Петроска-Бешка В., Поповски М. и Кениг, Н. (1999). Етничките стереотипи кај идните воспитувачи и одделенски наставници. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 259-278.

Трајковски, И. и Поповски, М. (1998). Диспозициските димензии на демократскатa транзиција во Македонија. Форум аналитика, 1, 71-88.

Biro, M., Popadic, D., Trajkovski, I.and Popovski, M. (1998). Knowledge and opinion about the rule of law among citizens of Serbia and Macedonia. Novi Sad: Research Support Scheme Project Report.

Поповски, М. (1996). Хајдеровиот модел на припишувањето на одговорноста и неговата емпириска проверка. Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје, 169-180.

Поповски, М. (1991). Терминологија од психологија – социјална психологија. Билтен на одборот за изработување македонска терминологија 71-72. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, 119-135.

Петроска-Бешка В. и Поповски М. (1989). Изработка и примена на Скала за испитување на ставот спрема рамноправноста помеѓу жените и мажите. Просветно дело, 2, 67-76.

Поповски, М. (1988). Атрибуција на одговорноста. Зборник: Психологијата и општеството. Битола: Прва научно-стручна средба на психолозите во СРМ, 243-250.