• О70/ 441-393, 072/239-870
  • понеделник, 11:00 – 12:00, среда, 11:00 – 12:00 (кабинет бр. 17)
  • deskalovski@yahoo.com

д–р Денко Скаловски

Редовен професор

Денко Скаловски е роден 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, во 1981 година. Магистирирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас, во 1992 година, а докторирал филозофија во 2000 година, на тема Антиподи на современата филозофија на музиката. За доцент е избран 2000 година, а за редовен професор во 2010 година.

На постдокторски студии престојувал во 2010 и 2015 година, на Ун. Јохан Волфганг Гете во Франкфурт/М., под супервизија на проф. Аксел Хонет.

Истражувачки интереси: филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот, социологија на спортот

Проф. д–р Денко Скаловски изведува настава и вежби по предметите:

На вториот циклус студии:
  • 1

    ФИ 212И/19 – Етика на одговорноста

  • 2

    РС2016И – Женска физичка култура и женски спорт

  • 3

    РС 103 – Мултикултурализмот и родовите перспективи

На третиот циклус студии:
  • 1

    ФИФ21 – Културата и родот

Библиографија


Десет книги од областа на социјалната филозофија, етиката, етиката и родот, естетиката, филозофијата на културата и културологијата; неколку десетици текстови од истите области, објавени во домашната и странска (ЕУ/САД) стручна периодика; преводи и редакција на преводи од странски јазици, претежно од германски.